Владата денеска го ажурираше списокот на граѓани кои добиле финансиска помош од 6.000 денари, што е дел од четвртиот пакет мерки за справување со последиците од Ковид-19.
Дали сте на список можете да проверите на страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk со едноставно внесување на матичниот број.
Листите за филмските работници, естрадни уметници и самохраните родители дополнително ќе бидат објавени.






