ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: На 24.12.2012 година ВМРО-ДПМНЕ ја осквернави македонската демократија и ја покажа режимската матрица, лага е дека Заев рекол „историјата е вишок“

December 24, 2020 12:09
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Слободата и демократијата немаат цена.  24 декември, црниот понеделник е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Таквиот однос кулминираше години подоцна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието, објави премиерот Заев.

Водејќи се од личен интерес, режимското ВМРО-ДПМНЕ ја осквернави македонската демократија, го погази достонството на македонското Собрание, на пратениците, новинарите… Пред осум години го видовме, а нашите пратеници и директно го почувствуваа насилничкото лице на режимот – истакна Љупчо Николовски.

Лага е дека премиерот Заев рекол „историјата е вишок“. Изјавите на премиерот Зоран Заев се извадени од контекст и се тврди дека тој рекол оти историјата е непотребна и дека е вишок, а дека наставниците што ќе останат без работа се неважни, изнесени се низа непроверени и невистинити факти, објави Вистиномер.

ЦИВИЛ  организира панел дискусија насловена „Млади, перспективи…“ која ќе се одржи на 24 декември 2020 година, четврток, во Хотел Сити Парк, во Скопје, со почеток во 12 часот.

Маричиќ: Времето на „недопирливите“ е завршено. Времето на „нашите“ или „вашите“ е завршено, а филтрацијата треба да препознае дали некој судија или обвинител работел во интерес на правдата или за нечиј бизнис интерес.

Приватизацијата на земјоделското земјиште ќе се одвива под одредени услови, со цел земјоделството да се стави во функција на развој. Првиот услов е да не смее да се урбанизира, поточно се забранува да биде пренаменето за било која друга намена освен земјоделска дејност – рече премиерот Заев.

ФРОНТ: Брзата образовна кучка необразовани кучиња раѓа – пишува Сашо Орданоски

Кривична пријава против четири лица за извршени девет кривични дела „измама“

Универзитетскиот професор и поранешен министер за внатрешни и надворешни работи, Љубомир Фрчкоски, е позитивен од Ковид-19.

Во Србија денеска почна вакцинацијата против коронавирусот, а првата вакцина ја прими премиерката Ана Брнабиќ. Таа јавно ја прими вакцината  на „Фајзер“ во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“.

Со концертот Нова Година – нов почеток! што ќе се одржи вечер (20.00)  Филхармонија ја завршува концертната сезона за 2020 година. Станува збор за несекојдневен концерт кој во една вечер ќе ги спои традицијата, класиката и џезот. Концертот се реализира во соработка со ЗЏМ, а диригент е Џијан Емин. Како солисти ќе настапат Џон Илија Апелгрен, Сара Мејс, Дејан Бобиќ, Полина Тасева и Калина Велковска.

Извештајот на министерот за надворешни работи Бујар Османи за остварувањето на надворешната политика и меѓународната положба на Република Северна Македонија, е на дневен ред на  денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика.

Преку нов концепт до подобро образование за основците. Настава со осум или девет задолжителни предмети поделени во две групи од кои во првата македонски, албански, турски српски или босански јазик, математика, природни науки, општествени науки и англиски јазик, а во другата група уметничко, физичко, техничко-технолошко образование, предвидува новиот концепт за реформи во основното образование што вчера беше презентиран.

 Според најавите, досега се обезбедени вакцини за околу 400.000 граѓани кои е предвидено да пристигнат во првите месеци на 2021 година. Освен сопствениот ангажман за набавка на вакцините против коронавирусот, Северна Македонија, доби ветување од соседните држави Бугари и Грција.

Ј. Ѓ.

Next Post

Влада: Граѓаните со блокирани сметки ќе ја добијат финансиската помош од 6.000 денари

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk