ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Иванов: Публиката веќе почна да распознава кои медиуми пласираат лажни вести

December 25, 2020 16:11
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Ме загрижува како се однесуваат медиумите, најдобар индикатор се факултетите по новинарство каде што речиси нема студенти. Тоа се должи пред сè на тоа дека медиумите долго време беа под окупација. Новинарите беа префрлувани од медиум во медиум, без никаков конкурс, туку преку „препорака“, истакна Зоран Иванов на конференцијата на ЦИВИЛ, „Перспективи 2021“.

Тој вели дека странските донации во истражувачките медиуми ја задржаа силата и сликата на седмата, односно четвртата сила. Македонските медиуми полека почнуваат да го белат образот и покрај тоа што платите се ниски во медиумите, буквално на сите.

„Мислам дека не функционира координацијата внатре во медиумите, репортер, уредник, директот, сопственик… Кај нас сè уште има медиуми кои мудро манипулираат. И секое медиумско објавување има некое „ама“…

Нема елементарен професионален стандард, нема редење на фактите што е многу битно. Публиката веќе почна да распознава кој пласира вистинити информации, а кој пласира лаги, благодарение на дигиталните медиуми.

Новинарите сами одлучуваат кога ќе станат од сабајле дали ќе бидат во корист на некои центри на моќ или на вистината.

Веќе јас не чекам на телевизија да видам што се случува, веќе се информирам од социјалните мрежи и електронските медиуми, па дури и индивидуалец ако напише нешто на Фејсбук стига до мене“, вели Иванов.

Тој вели дека проверка на фактите остануваат како предизвик за електронските медиуми, бидејќи мора да се провери информацијата пред да се објави.

„Брзината ја изгубија меѓутоа веродостојноста и автентичноста остана во мејнстрим медиумите. Меѓутоа ако и електронските медиуми пласираат само вистинити вести тогаш веќе станува релевантен фактор. Граѓаните веруваат на новинарите кои имаат кредибилитет.

Државата, медиумите и невладините вложија средства за борба против лажните вести, особено со детектирање на ширачите и авторите на лажни вести.

Ние откриваме лажни вести, но не објавуваме и не разобличуваме кој ја објавува и пласира таа лажна вест, што е погрешно. Време е да ги објавуваме и ширачите и изворите на лажни вести. Пример, кога со прст ќе се покаже кон одреден политичар дека шири лаги, тогаш публиката со резерва ќе ја прими неговата информација“, нагласи Иванов.

На крај заклучи дека сè ќе помине само вистината ќе остане, бидејќи вистината е инвестиција. Новинарите треба да ја зборуваат вистината колку и да е таа болна и мора да ги разобличуваат невистините информации.

Next Post

Улогата на невладините организации во борба против организираниот криминал

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk