Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1999 тестирања, а регистрирани се 530 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 538 оздравени пациенти. Починати се 26 лица
По извршени претреси на 11 локации од страна на одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Тетово и Куманово, разбиена е група што прoдавала лажни ковид тестови.
Филипче во „Перспективи 2021“: Верувам дека в година ќе почне изградбата на новиот клинички центар, а за 4 години ќе го имаме новото крило.
Французинот Никола Карабатиќ е најдобриот светски ракометар во деценијата што изминува, додека капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров е прогласен за најдобро десно крило во изборот на реномираниот „Handball Planet“.
Катерина Колозова – Истите што ќутеа и се криеја за време на Грујовите реформи, па се приклучија крадешкум на Пленумите, и им беше страв на Филозофски да се среќаваме па во тоа нашиот Институт првите средби среде зима се држеа со стотици – колку можеа да се соберат – сите тие се против реформиве, на чело со „Првата Пленумка“.
Приказ на 2020 година низ неверојатен видео-музички ремикс во кој има видео и фотографии од настани кои што се случија во 2020 година во целиот свет.
Павле Богоевски: Едвај чекам на местото од грдите купишта ѓубре во Визбегово да никне парк
Според одлуката на словенечката влада, од денеска веќе не е можно да се влезе во таа земја со направен негативен ПЦР тест во институции во земји кои не се членки на ЕУ, односно на шенген зоната, соопштено е на веб-страницата на Амбасадата на Словенија во Белград.
Министерството за здравство информира дека во земјава вкупно се хоспитализирани 1045 пациенти од Ковид-19 и има околу 300 празни болнички кревети.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упати видеопорака до граѓаните на Европа по повод почетокот на испораката на првите вакцини против Ковид-19 во ЕУ 27.
Today, we start turning the page on a difficult year. The #COVID19 vaccine has been delivered to all EU countries.
Vaccination will begin tomorrow across the EU.
The #EUvaccinationdays are a touching moment of unity. Vaccination is the lasting way out of the pandemic. pic.twitter.com/pYOj5vS2gV
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) December 26, 2020
Бошкова: За поседување мали количини канабис за лична употреба, не треба кривично да се одговара.
Два угостителски објекти, еден од Аеродром и еден од Карпош се затворени, а нивните сопственици санкционирани бидејќи во контролите на СВР Скопје и Државниот пазарен инспекторат било утврдено дека работат по дозволенот работновреме.
Ј. Ѓ.