„Во изминатите три години се инвестираа милијарда евра во изградба, реконструкција и рехабилитација на патишта, мостови, свлечишта, вијадукти, подобрување на квалитетот на патната инфраструктура во државата, а денес, во овој момент инвестираме преку 840 илјади евра во изградба на патна инфраструктура или околу 400 километри патишта.“- потенцираше министерот за транспорт и врски, Благојчо Бочварски во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Тој го коментираше и новиот систем за капитани инвестиции, односно ставот на владата дека ако некое министерство не ги потроши парите квартално, како што е предвидено, дека ќе му се одземат парите и ќе се транферираат на друго место, онаму каде што се инвестира.
„Секако ова е голем предизвик и за мене и за целиот овој тим и за сите луѓе во Министерството да работиме на сериозно раздвижување на капиталните инвестиции. За оваа година, 2020, би имале некаде околу 80 отсто капитални инвестиции. За градежништвото првите три месеци или првиот квартал секогаш е тежок, затоа што градежни зафати не се реализираат поради временските услови. Но јас сум убеден дека ние би ги надополнувале сите овие недостатоци во првиот дел од годината со цел тоа да се надополни во вториот, во третиот, во четвртиот квартал, но го поздравувам овој проект и убеден сум дека ќе даде резултати за поголема активност на сите нас.“- очекува Бочварски.
Во врска со железничката пруга кон Бугарија, министерот истакна дека проектот е вреден 60 милиони евра и дека е многу сложен, но тоа нема да преставува пречка за владата која има намера да го финишира проектот што три децении само се најавува.
Д. Е.