– Го упропастија и прекинаа пописот во времето на режимот, сега повторно ДПМНЕ прави опструкции да не се направи попис, објави на ФБ претседателот на надзорниот одбор на СДСМ Горан Сугарески, како реакција на, како што вели, бесмислените предлози со кои само се обидуваат да го одложат спроведувањето на пописот.
Тој истакнува дека пописот е статистичка операција со која се утврдува бројот на населението но е исклучително важна операција и за македонската економија, која за жал во државава не е спроведена повеќе од 20 години и бара од ДПМНЕ да кажат уште колку време треба да помине за да се одржи пописот.
„Поминуваат близу 20 години од последниот попис, нека кажат од режимот на ДПМНЕ, уште колку време треба да помине за да се одржи попис?“, прашува Сугарески
– Брука и срамота е и овој да го блокираат!, потенцира Горан Сугарески.
J. Ѓ.