Собранието го донесе Законот за решавање на спорот за „ГА-МА“ и одлуката за ДИК. Пратениците во продолжението на 20-тата седница денеска со 60 гласа „за“, 30 „против“ и без „воздржани“ го донесоа Закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба.
Заев:
-За македонскиот идентитет и јазик не се преговара, очекувам напредок по завршувањето на изборите во Бугарија. Тој во одговор на прашање, по отворањето на новата канцеларија на Државниот пазарен инспекторат во Тетово, посочи дека во моментов нема разговори со Софија, бидејќи се празници и најави дека по празниците ќе продолжат со изработка на акцискиот план.
-Подобро здравство од јавно здравство нема, лекарите таму покажаа херојство. Првпат слушам дека има договор со лабораторија, но веројатно има причина зошто е склучена, и ако е склучена со една, се надевам ќе дадат можност за со сите, за да можат да помогнат. За нас државните институции се примат. Дури сум дал и свои коментари со целосна респект кон приватните институции во областа на здравството, мислам на големите болници, „Филип Втори“, „Систина“, „Промедика“, сите кои што постојат во државата, но подобро здравство од јавното здравство нема, рече Заев.
-Пари има за ковид поддршка и во 2021 година, вакцината ќе го намали периодот за потреба од овие програми. Во буџетот се резервирани веќе во ковид програми, а има дополнителни средства и во одделни ресори. А мерките кои би биле потребни во петтиот пакет ќе зависат од работниците, синдикатите, коморите и сите други учесници.
-Ја намалуваме сивата економија која штети на државата, на реалниот сектор и на граѓаните. Премиерот Заев истакна дека објектот од 2003 година воопшто не е користен и за таа цел направена е реконструкцијата со средства од државата, односно 5 милиони денари од буџетот на Државниот пазарен инспекторат, како и со донација од странски и домашни јавни и приватни компании.
Само 83 нови случаи на ковид-19 од направени 700 тестови, починати се 11 пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.804, бројката на оздравени пациенти е 59.650, на починати е 2.456, а бројот на активни случаи изнесува 19.698.
Шахпаска: Со Договорот за грант за изградба на градинка, Општина Битола го проширува капацитетот за 152 деца, а во тек е изградба на 15 нови градинки за 1900 деца.
Груби го разреши советникот Касапи, кој неодамна бил фатен со дрога. Инаку, Касапи е познат пејач, син на прaтeничката Ѓулемсер Касапи. Пред еден месец, како што објавија медиумите, бил фатен со пакетчиња прашкаста материја во населбата Ѓорче Петров во близина на „СП-планет“.
Советот за реформи во правосудството ја потврди методологијата за филтрација на правосудството. На денешната седница на Советот за реформи во правосудството, со која претседаваше министерот за правда Бојан Маричиќ, беше претставен и потврден Интерниот план на Судскиот совет за следење и оценување на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите за 2021 година.
Можни инвеститори за Попова Шапка од Катар, Швајцарија, Италија, Германија и Австрија. Верувам дека ќе се најдат сериозни инвеститори овој одличен туристички потенцијал за развој на државата. Владата на Косово, очекуваме иако е во криза состојба, да дадат согласност, заедно Попова Шапка и Брезовица, заеднички да ги понудиме за развој на инвестиции во скијачкиот туризам, потенцираше Заев.
Вакцината на Фајзер не содржи состојки кои не се халал. БИМА на почетокот на овој месец наведе дека вакцината не содржи никакви компоненти од животинско потекло.
Земјите од ЕУ ќе добијат 200 милиони вакцини на Фајзер и БиоНТек до септември 2021 година. Претходно, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен потврди дека првите испораки на вакцината против коронавирусот се пристигнати во сите земји членки на ЕУ и вчера официјално почна вакцинацијата во Унијата.