ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Тексас и Флорида го нарушуваат редоследот за имунизација препорачан од сојузната влада  

December 30, 2020 19:01
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Тексас, Флорида и други републикански држави не ја почитуваат препораката на сојузната влада први да се вакцинираат работниците во клучните сервисни дејности, и наместо тоа почнуваат со имунизација на лицата постари од 75 години, јави денеска „Вашингтон пост“. 

Според препораките на властите во Вашингтон, во вториот дел од кампањата за вакцинација против коронавирусот, приоритет се вработените во супермаркетите, транспортните претпријатија, келнерите и другите таканеречени „работници во првата борбена линија“, веднаш по нив се луѓето постари од 75 години. 

Но, властите во Флорида и Тексас, чие вкупно население брои над 50 милиони луѓе, следат свои правила, и нудат вакцинација на поширок сегмент од популацијата, односно постарите лица, додека работниците во основните дејности треба да чекаат.  

-Нема да ги ставиме младите и здрави работници пред ранливата популација, порача Рон Десантис, гувернер на Флорида. Имелда Гарсија, врвен експерт по инфективни заболувања од Тексас, изјави дека фокусот на оние со над 65 години и постарите лица со хронични заболувања, „ќе ја заштити најранливата група на населението“.  

Властите во Охајо воведуваат сличен приод, но во раната кампања за вакцнинација ги вклучуваат и вработените во школите, со акцент за потребата од враќање на учениците на школо и настава со лично присуство. 

Весникот потсетува дека токму ваков тип на некооридинарност во одговорот на ширењето на коронавирусот, е пречка во напорите на нацијата да ја запре пандемијата. Токму за ова завчера говореше и д-р Антони Фаучи, главен инфектолог во државните Центри за контрола и превенција од заболувања (ЦДЦ). 

Разликите во приодот околу имунизацијата се појавуваат во време кога државите се соочуваат со задршки во инјектирањето на дозите бидејќи секоја работи според свој редослед, заснован на капацитетите на локалните здравствени оддели и системите на болници. 

Во САД, од досега дистрибуираните 11.5 милиони дози вакцини, помалку од 20 отсто се инјектирани, соопшти ЦДЦ. Слично е и со некоординацијата на државите во однос на наредбите за носење маски и седење дома, кога федералната влада препорачува едно, а државите, најчесто оние раководени од републиканци, прават друго. Новоизбраниот претседател Џо Бајден постојано повикува на поголема сојузна координација во одговор на пандемијата. 

Тој завчера истакна и дека со недоволните порачки на дози од вакцината направени од администрацијата на Трамп, нацијата ќе се вакцинира не со месеци, туку со години. 

Според препораките на ЦДЦ, издадени на почетокот на месецот, првиот дел од вакцинацијата во САД, започна на 14 декември, ги опфати лекарите, здравствените работнци и персоналот вработен во домовите за нега на стари лица, како и нивните пациенти. 

Next Post

Поранешниот српски претседател Тадиќ вратен во болница во лоша состојба

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk