ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓаните и компаниите на банките должат 353.345 милиони денари, домаќинствата најмногу земале потрошувачки и станбени кредити

January 2, 2021 11:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните и компаниите на банките должат 353.345 милиони денари. Кредитите на ниво на банкарски сектор заклучно со ноември 2020 година забележале раст од 5,4 отсто. Раст, истовремено бележат и депозитите во банките.

Ова во интервју за МИА го соопшти претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева, која вели дека е забележано воздржување од инвестициски активности кај корпоративните клиенти како резултат на неизвесноста, а кај населението се доминантни потрошувачките кредити и станбените.

– Заклучно со 30 ноември 2020 година, вкупните кредити на ниво на банкарскиот систем достигнаа 353.345 милиони денари, што е раст на годишно ниво од 5,4 отсто. Вкупните кредити на домаќинствата бележат пораст од 8,3 отсто во однос на истиот период минатата година и 7,6 осто во однос на 31 декември 2019 година. Наспроти тоа, вкупните кредити на нефинансиските друштва бележат пораст од 2,5 отсто во однос на истиот период минатата година и се намалени за 0,8 отсто во однос на крајот на годината. Во изминатиот период, може да се забележи воздржување од инвестициски активности кај корпоративните клиенти како резултат на неизвесноста поради здравствената криза, намален обем на работа поради намалени нарачки од деловните партнери од земјите во ЕУ, прекинати синџири на испорака на репроматеријали и слично, рече Стевкова-Штериева.

Според неа имајки го ова предвид, македонските компании голем или најголем дел од своите финансиски потреби ги покриваат со кредити од банките, што значи дека нивното работење зависи од поддршката што им ја даваат банките.

Оцени дека актуелната криза уште повеќе ги зголеми и усложни нивните потреби за финансиска поддршка од банките и затоа банките ќе останат нивни партнери во одржувањето и развојот на бизнисот.

Кај населението, потенцира, остануваат доминантни потрошувачките кредити, а потоа се кредитите за набавка и реновирање на станбен простор.

Потенцира дека во услови на изразен степен на неизвесност, банките секако остануваат подготвени да одговорат на потребите на граѓаните и на компаниите согласно прудентните економски и монетарни политики.- Очекувам да продолжи растот на кредитните пласмани кај компаниите и кај населението, рече Стевкова-Штериева.

Истакна дека довербата на граѓаните и на компаниите во банкарскиот сектор е во континуитет на високо ниво и дека заклучно со 30 ноември 2020 година, вкупните депозити на ниво на банкарскиот систем, без вклучување на депозитите од банки, изнесуваат 422.239 милиони денари, што е раст на годишно ниво од 6,3 отсто.

-Вкупните депозити на домаќинствата бележат пораст и во однос на истиот период минатата година за 5,4 отсто и во однос на крајот на годината 2,3 отсто. Вкупните депозити на нефинансиските друштва бележат пораст од 10,2 отсто во однос на истиот период минатата година и од 4,0 отсто во однос на крајот на годината. Може да се забележи дека учеството на денарските депозити останува доминантно споредено со девизните, со што се потврдува довербата на населението во денарот, вели претседателката на МБА.

Посочи дека во анализи на бројни меѓународни аналитичари се истакнува дека намалувањето на патувањата, што се должи на затворањето на границите, ограничувањето на движењето на населението, како и на можностите за трошење на слободните финансиски средства имаат влијание врз зголемувањето на заштедите кај дел од населението.

-Секако, додаде, дека овие појави не ја одминуваат и нашата земја и дека намалената потрошувачка влијае на зголемувањето на депозитите на населението. Воедно, порастот на депозитите делумно се должи и на економските мерки на Владата за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза. Но, зголемувањето на депозитите зборува, пред сѐ, за довербата која банките ја уживаат кај населението. Токму од овде произлегува и обврската на банките да се грижат за сигурноста на штедните влогови, за сигурноста на депозитите на своите комитенти. Најголем дел од изворите на финансирање во банките во нашата земја се депозитите. Затоа е особено важна нивната сигурност, рече Стевкова-Штериева во интервју за МИА.

Next Post

Пладневен преглед: Присилна наплата за фирмите кои нема да исплатат плати по добиена опомена, Ден на жалост во Хрватска ,Во светот има над 83,5 милиони заразени со Ковид-19

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk