ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: После немирите во САД, официјализирана е победата на демократот Џо Бајден, нови капитални ивестиции во 2021, можна евакуација на населението во Петриња

January 7, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот Конгрес синоќа продолжи со работа на заедничка сесија на законодавците во текот на која членови на Преставничкиот дом и на Сенатот формално треба да ги потврдат разултатите од гласањето на колеџот на електори, кој во декември ја сертифицираше победата на Џо Бајден. Денот претходно помина во анархија и хаос во и околу Капитол хил, опсаден од стотина десничарски екстремисти, поддржувачи на претседателот Доналд Трамп.  Полицијата на Вашингтон објави дека четири лица загинале за време на вчерашните немири. Немирите остро беа осудени и од поранешниот претседател Џорџ Буш.

По долга ноќ, обележана со упад на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во Конгресот и четиричасовната окупација на зградата, при што загинаа четири лица, официјално беше потврдена победата на Бајден на изборите во ноември. По објавувањето на резултатите во сите 50 федерални држави и Дистриктот Колумбија, Бајден доби 306 електорски гласови, што официјално ја потврди неговата победа. За Трамп гласаа 232 електори.

Доналд Трамп е суспендиран од социјалните мрежи откако ги поддржуваше демонстрантите кои го нападнаа американскиот Капитол. Тој на демонстрантите им упатувал пораки од љубов, нарекувајќи ги патриоти, наместо да им каже да си одат дома.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека виновник за упадот на демонстрантите во американскиот Конгрес е Доналд Трамп, кој не го призна поразот на претседателските избори. Таа приврзаниците на Трамп, кои упаднаа во Конгресот ги нарече „напаѓачи“.

Капиталните проекти во 2021 се разновидни, од реализација и ветувања за патишта, пруги, гасоводи… За капиталните инвестиции годинава се проектирани 23 милијарди денари, во инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата и земјоделството.

Најзафатени се граѓаните меѓу 25 до 44 години, со најмногу слободно време се возрасните над 65 години. Работата дома во земјава се уште е на жената. Во домашните активности предводи жената без разлика дали е вработена или не.

По вчерашниот земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала во Хрватска, полицијата никој не пушта во Петриња поради опасност од уривање на зградите што беа оштетени во потресот во декември. Градоначалникот не ја исклучува можноста за евакуација на населението.

Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Шведска наведуваат дека ЕУ нема да биде безбедна од Ковид-19 се додека државите до нејзините граници не се опорават од пандемијата. „Ние силно ги поддржуваме напорите и иницијативите на земјите-членки и на Европската комисија за споделување на вакцините од договорите доделени со најблиските соседи на ЕУ – како што се земјите од Западен Балкан”, велат министрите во писмото. Земјите на ЕУ почнаа веќе почнаа со масовна кампања за вакцинирање против Ковид-19 на 27 декември.

 

М.М.

 

 

Next Post

Светските медиуми за протестите во Вашингтон

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk