ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: За Трамп, неизвесен животот после луксузот во Белата куќа, зошто веднаш ни беше јасно која песна се пее во американскиот Капитол?

January 7, 2021 18:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Зошто одма ни беше јасно која песна се пее во американскиот Капитол? Сè уште важи аксиомата – Каде оди Америка, таму оди светот. Среќа, што кусогледиот политички дурбин на Трамп, не дофрлаше до кај нас, па останавме надвор од неговата сфера на интереси. А се сеќаваме како очајните дпмнеовци се надеваа после неговата победа и трие раце – „сега му е мајката“. Бајден е на потег! – пишува Јане Ѓорѓиоски.

Шекеринска: Случувањата во Вашингтон нека се лекција за цел свет. Правејќи паралела со настаните од 27 април во македонското Собрание, таа посочува дека полицијата не дозволила ниту еден член на Конгресот да биде нападнат или повреден и оти огромно мнозинство на Републиканската партија јасно се спротиставило на насилството и упадот.

Забрчанец: Многу незгодна ситуација за домашните режимски поддржувачи. Ги игнорираа првите часови од насилството врз демократијата во САД, а откако се најдоа изолирани во својот радикален ќош, почнаа да релативизираат со пораките од типот “ехее ние што сѐ не сме поминале, нека не се жалат многу”.

Верниците бакнуваа икони и се причестија со иста лажичка и покрај пандемијата. Господ не пренесува болести, господ лекува. Со причесната се лекуваме повеќе од 2000 години.  Да не се сомневате Господ помага, рече отец Сашо Николовски во изјава за медиумите. Тој рече дека во Соборниот храм денеска се почитувале ковид протоколите.

Земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, како и Србија. Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска, на редовната прес-конференција за коронавирусот, рече дека земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, на начин на кој Србија веќе ги обезбеди.

Во Хрватска досега вакцинирани 20.000 граѓани. Хрватска во моментов е петта во ЕУ и 12-та во светот според бројот на вакцинирани на 100 жители. Берош исто така рече дека Хрватска резервирала 715.970 почетни и 284.000 дополнителни дози од вакцината на „Модерна“, кои се логистички попрактични, па затоа се очекува полесна вакцинација на терен, објавија хрватските медиуми. 

Модерна: Нашата вакцина ќе обезбеди заштита до две години. Кошмарното сценарио што се провлекуваше низ медиумите пролетта беше дека вакцината ќе трае само еден месец или два. Мислам дека сега тоа не е доведено во прашање. Падот на антителата оди многу бавно по примањето на вакцината. Веруваме дека заштитата ќе трае најмалку две години, рече Бансел.

За Трамп, неизвесен животот после луксузот на Белата Куќа. Иднината на Трамп, како и неговото претседателствување, веројатно ќе биде гласна, дрска и проблематична. Исто така, нема да биде целосно под негова контрола. Тој се соочува со низа граѓански и кривично правни дејства поврзани со бизнисот на неговото семејство и неговите активности пред да ја преземе функцијата, што може да се забрза откако ќе ги изгуби законските имунитети дадени од Овалната канцеларија.

Придонесите кон ЕУ од претседателствувањето на Џо Бајден. Што реално може да очекува ЕУ од претседателството на Бајден? Многу, навистина. Во најмала рака поголема цивилизираност, и предвидливост во светот на растечка несигурност. Сето повеќе од ова, во крајна линија, ќе зависи од Европа.

Историја на нападите врз Конгресот на САД. На 24 јули 1998 година, Расел Јуџин Вестон –помладиот вооружен со револвер со калибар 38, се втурнал во зградата на Конгресот и отврил оган, при што загинале двајца полицајци. Според напаѓачот, основен мотив за стореното било неговото незадоволство од работата на сојузната влада. 

И.Т.З.

Next Post

Првата група уапсени демонстранти пред суд во Вашингтон

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk