ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Научен собир „Воспитувањето и образованието на децата со посебни потреби – можности, програми и перспективи“

January 11, 2021 07:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје денеска организира онлајн научен собир на тема „Воспитувањето и образованието на децата со посебни потреби – можности, програми и перспективи“.

– Со оглед на тоа дека лицата со посебни потреби, а во овој случај – децата со посебни потреби се најчувствителна и најранлива категорија, мошне е битно нивното воспитување и образование и тоа уште од најран период. За таа цел, потребна е и неопходна постојана грижа и едукација за нив, која им ја пружаат воспитно-образовните установи, т.е. детските градинки и училиштата. Со добра и осмислена воспитно-образовна стратегија и програма, децата се учат да читаат и пишуваат, но и се социјализираат и осамостојуваат, информираат од Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје. 

Од Институтот посочуваат дека на научниот собир ќе се дебатира за тоа како да се остручнат лицата кои што работат со децата со посебни потреби, а тоа се воспитувачите и наставниците. Ќе се разговара и за самата прилагодена програма за воспитување и образование на децата со посебни потреби, која е полесна, поедноставна, поразбирлива, покомпаративна и поилустративна.На крајот од собирот, ќе бидат сумирани сите искажувања во вид на заклучоци, кои ќе најдат теоретска, но и практична примена.  

Исто така, на овој научен собир ќе бидат презентирани искуствата и практиките од странство, но и согледувањата и размислувањата од страна на домашните воспитувачи, наставници и теоретичари.  Педагози, социолози, па и филозофи, ќе ги елаборираат своите видувања за воспитувањето и образованието на децата со посебни потреби, со акцент на можностите, програмите и перспективите на тој план. 

Од Институтот наведуваат дека по завршувањето на научниот собир, научните соопштенија (рефератите) ќе бидат публикувани во посебен тематски зборник, а на самиот научен собир се очекува да се развие богата, разновидна, повеќеслојна, компетентна и содржајна дискусија. 

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје на 18 јануари ќе организира уште еден онлајн научен собир и тоа на тема „Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно-образовниот процес“.  

– Улогата на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно-образовниот процес е голема и незаменлива. Тие се толку многу значајни и незаобиколни, што слободно можеме да кажеме дека без нив не ни може да се одвива воспитувањето и образованието, односно ќе биде сиромашно, сувопарно и празно. Со оглед на брзиот и динамичен технолошки развој, неопходно е вклучувањето и примената на визуелните, аудио и видео изданија и материјали, покрај печатените – списанија, прирачници, сликовници и слично, во воспитно-образовниот процес.За таа цел, воспитувачите и наставниците мора да бидат благовремено запознаени со придобивките на новата печатарска, визуелна, аудио и видео технологија. На тој план, посебно се драгоцени искуствата во странство, кои се очекува да бидат презентирани на овој научен собир, се вели во најавата за научниот собир.

Се очекува да бидат соопштени конкретни примери, начини и методи за подобрување и збогатување на воспитувањето и образованието на децата и учениците. По завршувањето на научните собири, ќе бидат објавени и електронски Зборници од научните собири, кои како збирки од презентираните содржини – се очекува да бидат и еден вид помошна литература, односно прирачници и практикуми за овие две мошне битни и комплексни теми. 

– Научните собири на вакви и слични теми и од овој вид редовно привлекуваат големо внимание не само од страна на теоретичарите, туку и од практичарите. Дури, би рекле, практичарите се живо заинтересирани за иновации, експерименти, освежувања и подновувања, бидејќи тие им недостасуваат, а многу би им ја олесниле работата со децата и учениците. За таа цел, убаво е и полезно да се слушне и види како тоа го прават во странство, да се пренесат тие знаења и искуства и потоа да се применат и кај нас, посочуваат од Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје.

Next Post

Пелоси: Претставничкиот дом денеска ќе продолжи со чекори за импичмент против претседателот Трамп

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk