ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска на дебата со професори по уметностите: Не брзаме, туку доцниме со реформите во образованието

January 12, 2021 15:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници од Бирото за развој на образование и професори од сите нивоа на образование (основно, средно и високо) од областа на уметностите  денеска учествуваа на онлајн-дебата во рамки на јавната расправа за нацрт-концепцијата за основно образование.

Како што информира Министерство за образование и наука, на состанокот биле кажани предлози и коментари на професорите од уметностите во врска со предложените реформи, но и констатирано дека тие се неопходни.

Министерката Царовска истакна дека реформите требало да се случат уште пред десетина година и дека не се брза со новиот концепт, туку се доцни.

– Првпат во последната деценија во нашата држава во делот на образованието се прават реформи на исклучително транспарентен начин и со вклученост на сите страни и дека ќе се најде баланс во предлозите со цел да се направат реформи во најдобар интерес на децата, рече Царовска.

Министерката посочи дека со предложената концепција се дава слобода на наставниците од уметностите во држењето на наставата и внесување на овие предмети и во првите два развојни периода, што сега не постои.

– Исто така, започнуваме со вложување и опремување на училиштата во кабинети и други простории каде што учениците ќе може низ практична настава да се запознаат со предметите и да се стекнат со знаења, рече Царовска.

Министерката, како што соопшти МОН, истакна дека секаде во свет рамката за Нацрт-концепцијата ја изработуваат педагози и психолози што е првата фаза, а потоа во пишувањето на наставните програми што се втората фаза се вклучени професори и наставници од посебните области коишто се вклучени во наставата.

Министерството за образование и наука информира и дека ги продолжува дебатите и консултациите за Нацрт-концепцијата и дека од средината на декември до сега за предложената реформа биле консултирани сите засегнати страни, претставници од релевантни институции, универзитетски професори, над 4000 наставници, но и родители и ученици.

– Вебинарот за презентација на нацрт-концепцијата го следеа сите директори на основните училишта и по еден предметен односно одделенски наставник, односно околу 1000 лица. Презентацијата поставена на Јутјуб ја имаат прегледано над 16.000 лица. Две посебни презентации за родители и ученици од училишта со македонски и албански јазик. Во дебатата за концепцијата од самиот почеток се вклучени раководството на СОНК и регионалните претставништва на СОНК и меѓународни организации и институции како УНИЦЕФ, Светска банка, УСАИД, британска, швајцарска, делегација на ЕУ. Сите изразија поддршка затоа што реформите треба да резултираат со квалитетно основно образование, наведува МОН во соопштението.

Одржана е и онлајн-конференција со професори, наставници, претставници на ликовната, музичката и драмската дејност. Реализирани се средби и дебати со студентското собрание и професори на Природно-математичкиот факултет.

Нацрт-концепцијата е објавена на веб-страницата на МОН и забелешки, коментари и предлози може да се поднесуваат до 20 јануари.

МОН потенцира дека никој не е изоставен од  широк консултативен процес, бидејќи целта  е, како што посочува, да обезбеди целосна транспарентност на носењето на концепцијата и вклученост на сите страни.

– Концепцијата е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование донесен пред околу една година и е дел од владината програма, додава МОН.

 

/МИА/
Next Post

Текстилниот Кластер очекувал субвенциите за платите да продолжат и во јануари

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk