ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Сè што треба да знаеме врзано со употребата на канабисот

January 13, 2021 15:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Само пред 20 или 30 години, готвењето со канабис сè уште се сметаше за целосно табу. Што се однесува на придобивките, единствените здравствени придобивки порано од марихуаната се сметаа само оние дека опушта и долго ја држи насмевката на нашите лица. Се разбира, веројатно сега сме свесни дека има еден тон придобивки од готвењето со канабис, кои немаат апсолутно никаква врска со “напушувањето”. Додека пред одреден временски период, на светот му беа познати само колачите со марихуана, денес можеме да одбираме од и тоа како вкусните комбинации инфузирани, или базирани на канабис. Комбинациите вклучуваат халуциногени печурки, со кои,  колку и да звучи комплицирано, секојдневните оброци можат да се претворат во врвно кулинарско искуство. Постојат обемни книги со рецепти, што можат да помогнат во готвењето… Прочитајте повеќе за придобивките на ова растение

Не значи дека конзумирајќи храна со канабис, ќе се „напушиме”

Прво и најважно, готвењето со канабис не значи секогаш дека треба да се „напушиме”. Примарната психоактивна хемикалија во канабисот е THC, канабиноид. Меѓутоа, кога овие лисја остануваат сурови и свежи, канабиноидот што се наоѓа во нив е THCA, и, воопшто не е психоактивен. THCA станува THC, а тоа е нештото што ни ја дава еуфоријата и не опушта, само кога ќе застари и ќе се исуши, или кога е изложено на голема топлина. Процесот се вика декарбоксилација.

Многу луѓе специјално поради оваа причина вметнуваат сурова марихуана и растенија од коноп во својата исхрана. Тие сакаат да ги искористат сите легитимни здравствени придобивки што ги нудат овие растенија без да имаат несакани дејства. И нема ништо лошо во тоа!

Лисјата од канабис се богати со витамини, минерали и влакна

Кога се гледаат единствено од перспектива на биохемискиот состав, суровите лисја од канабис се одличен извор на одредени витамини, минерали и растителни влакна. Ако ова звучи изненадувачки, да имаме на ум дека и покрај тоа што не опуштаат , тие сепак се корисни. Суровиот канабис е богат со:

– Витамин К ( што е од суштинско значење за правилно згрутчување на крвта)

– Витамин Ц ( што е од суштинско значење за имунолошкиот систем)

– Железо ( што е од суштинско значење за оксигенација на крвта)

– Калциум (што е од суштинско значење за коските)

– Фолат (што е од суштинско значење за поправка на ДНК-та)

Канабисот исто така е богат со влакна. Па ако на вашата исхрана и недостигаат влакна, ова е решението за тоа.

Има многу антиоксиданси

Антиоксидансите се неопходни за нашите тела бидејќи не штитат од стрес и други оштетувања, како и од работи како што се болести на крвните садови и рак. Тие се исто така единствената одбрана на нашето тело против „слободните радикали“, кои се високо реактивни молекули што можат да предизвикаат хаос во нашите тела со текот на времето.  Канабисот, без оглед дали е суров или зготвен, е огромен антиоксидант што му е потребен на нашите тела. Значи, без разлика дали внесуваме колачиња со канабис или цедиме сурови лисја, ги добиваме потребните работи.

Здрава алтернатива е на пушењето

Луѓето сакаат да пушат трева, но вистината е дека пушењето не е добро. Вдишувањето топол чад предизвикува воспаление на респираторниот систем, и докажано е дека луѓето што пушат марихуана, подлабоко вдишуваат во белите дробови (го држат чадот таму подолго), и со тоа произведуваат четири пати поголем катран од оние што пушат цигари . И да, согорувањето лисја од марихуана создава катран.Користењето марихуана во готвењето, пак, нема ништо од недостатоците во пушењето и воопшто не воведува канцерогени во телото и белите дробови. Всушност, консумирањето варена марихуана има сосема поинаква психоактивна реакција во вашето тело отколку пушењето. Кога внесувате марихуана орално, таа најпрво се метаболизира од црниот дроб, што ја претвора во сосема поинаков вид THC отколку што добиваме ако едноставно го пушиме. Овој THC, 11-OH-THC, е помоќен од обичниот THC (Delta-9THC) и доведува до поинтензивно и подолготрајно високо ниво.

Одлично е за ублажување на болката

Како што споменавме претходно, луѓето кои внесуваат марихуана на поинаков начин, честопати доживуваат поинтензивно и подолготрајно дејство, отколку луѓето што ја пушат, кои доживуваат дејство што обично трае еден до два часа.

Значи, ако пушиме медицинска марихуана за ублажување на болката, готвењето со неа нема да ни помогне само да ја лоцираме и неутрализираме болката од која страдаме, туку исто така ќе ни овозможи и повеќе олеснување, и за подолго време. Во просек, големо количество од орална ингестија може да трае од четири до шест часа

Го намалува гадењето

Еден од клучните фактори за продажба на луѓето љубопитни за медицинска марихуана е тоа што е клинички докажано дека го намалува гадењето и помага да се предизвика апетит. Всушност, постојат многу студии за ефикасноста на марихуаната во лекувањето на гадење и повраќање кај луѓе и животни. Едно истражување, од истражувачи на Универзитетот во Гуелф (Онтарио, Канада), открило дека манипулацијата со ендоканабиноидниот систем е неверојатно ефикасна во регулирањето на гадењето и повраќањето, без оглед на тоа дали луѓето се во моментот подложени на природни стимули или токсини како што е хемотерапијата.Единственото прашање со јадењата подготвени од канабис е дека, може да поминат 90 минути пред да започнат да имаат ефект, и, тие не се особено корисни за ненадејни и непредвидливи напади. Меѓутоа, ако знаете кога да ги предвидите , за работи како грчеви во менструацијата, по хемотерапија и слично е доста корисно.

Може да помогне во борбата против ракот

После повеќе години дезинформации, Националниот институт за рак конечно ја ажурираше својата веб-страница пред неколку години за да го одрази фактот дека канабисот не е само ефикасен во помагањето да се отстранат симптомите што произлегуваат од третманот на рак како, гадење, губење на апетит, силна болка, непријатност, но дека тој всушност може да се користи за борба против ракот.

Во клиничките студии на живи животни, истражувачите откриле дека канабиноидите во THC биле во можност да ги изолираат и всушност да ги елиминираат клетките на ракот.

Освен несаканите ефекти од консумирањето канабис, како што е зависноста, добро би било да го погледнеме и примениме широкиот хоризонт на употреби што ни ги нуди ова прекрасно, и делотворно растение. Останува да видиме дали оваа пракса, веќе прифатена во многу земји низ светот, и нам, ќе ни дозволи да ги видиме сите останати, убави придобивки.

 

Обработка: Марија Миткоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Од последни, до први во Европа по странски инвестиции

June 8, 2025

Алкараз спаси три врзани меч топки за победа во финалето на Ролан Гарос

June 8, 2025
Горан Божичевиќ

Не е време за навивање – време е за будност

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Златната пена на секојдневието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk