ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ FRONTACTION

Владанка Димковска: Светот го движат различностите!

January 13, 2021 19:51
in FRONTACTION, ДЕНЕС, КУЛТУРА, МУЛТИКУЛТУРА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

#Frontaction

 

Јас гледам мостови – онаму каде што некој пали луѓе на клада поради различностите.

Денес шетав низ Скопје и толку многу си замислував дека сум во Берлин, град во кој бев едно со сите луѓе на светот.

Одеднаш полека цупкав низ кичестиот плоштад кој сведочи за ужасите што ги доживеавме како народ, па полека продолжив долж камениот мост – Мостот што го спојува Скопје од двете страни, преку Вардар.Камења кои сведочат за историја, спојување и истрајност.

Од сите страни слушав различни јазици. Ко на славеј песни.

Mлади ромчиња на тарабука свират и пеат некоја ромска песна, весели и среќни во мигот, играат на секоја нота.

Подолу дур се движам, слушам албански јазик – млад пар потпрен на мостот, си разговара, се смешка, се погледнува.Си помислив можеби во моментов и рецитира некој стих од Наим Фрашери, ех а јас не знам ниту еден,ама тоа е моја грешка и си ветив штом седнам на баклава ќе прочитам нешто од него за друг пат да ги знам стиховите полни љубов што си течат околу мене, ми нацртаа насмевка на лицето оваа романтична мисла.

Подолу пак пред огромните ‘рѓосани и грди фонтани видов две девојки како се смеат, се смеат и пејат гласно “Во коси да ти спијам” , од нашиот Тошка, толку занесени и забрзани чиниш побрзи од ветрот се. Иако времето беше тмурно и никакво, а околу мене преовладуваше кичот и лудилото на минатото, некако во срцето на Скопје видов љубов,чиста љубов која треба да се негува.

Видов љубов во очите на младите кои уживаат во своите различности, ко голем килим извезен од различни конци сме.

Полека продолжив да цупкам низ старата чаршија, си земав баклава и му заблагодарив на светот што живеам во град во кој има различности, прочитав нешто од Фрашери, нормално на англиски, оти не можев да најдам превод на македонски. Но поезијата спојува на кој јазик и да ја читаш.

Ко во градина да бев, само различни луѓе чиниш ко цвеќиња со прекрасни имиња и мириси излегуваа наоколу.

Па си помислив, зошто и како ни е тешко да го негуваме ова?

Зошто ни е тешко да го прифатиме различниот од нас, и да научиме нешто за него. И кога велам различен не мислам на религија само, туку мислам многу по суштински и подлабоко – ние сме поделени по сите основи.

Дури и по бојата на косата, а камо ли по друго.

“Никој не може да вреди повеќе од некого само затоа што е член на некоја партија, верник на некоја религија, застапник на некоја (која било) идеологија, или само затоа што е нечиј син или ќерка” – би рекла мојата ценета професорка. И навистиа е така. Ниту некој смее да вреди повеќе, ниту некој смее да биде дискриминиран во срж поради нешто такво/свое.

Да, идеалистот со розеви очила се јави – спремна да го гушне светот. Но, верувајте само тоа е вистинскиот свет во кој јас сакам да живеам.

Сакам да бидам дел од синџир во кој нема да ни е важна партијата, религијата  или бојата.

Туку ќе ни бидат важни вредностите, квалитетите и способностите.

Наместо етикети  полни национализми и вулгаризми, да си даруваме етикети со убави зборови.

Да се ребрендираме како народ суштински во срж.

Оти европскиот воз можеби и ќе не качи – но ќе не изеде неможноста да ја фатиме промената на заедништво.

Оти Европа е дома – само ако менталитетот ни замириса на демократија.

А од семиња полни омраза, нема лалиња да никнат.

Ве сака вашата

В.

Next Post

Милевски: Жалам што опозицијата не собра храброст и не излезе на избори во Штип и Пласница

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk