ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Сите вакцини ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни, вели Филипче, демант на Царовска, ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет…

January 14, 2021 18:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

МНР за посетата на Османи на Атина: Реафирмиран процесот на градење доверба меѓу двете земји како пример за добрососедски односи во регионот. Во регионот добивме нова реалност, докажавме дека сите предизвици можат ефикасно да се решат преку заеднички и координирани напори. Оттука, јас цврсто верувам дека соработката меѓу Северна Македонија и  Грција е дефинитивно нова интегративна моќ за целиот регион, истакна Османи.

Дендиас: Има напредок, а новото име треба да го користат сите, дури и порталите. Она што е кристално јасно во Преспанскиот договор е јасноста за она што се случи во античкиот период, а едно е јасно – со сета почит, вашите сонародници, а вие тоа го прифативте, не биле дел од кампањите на Александар“, рече Дендиас на заедничката прес-конференција.

Филипче: Сите вакцини што ќе ги донесеме во земјава ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни. Целиот овој изминат период интензивно комуницираме со компанијата „Фајзер“ поради тоа што во овој момент таа е единствената компанија што ги има добиено потребните дозволи за итна употреба на нејзината вакцина, рече Филипче.

Игумен Партениј: Да не се прави „теологија“ од вакцинирањето, ова прашање не е во надлежност на црквата, туку на медицината. Вели за Црквата најважна е соборноста и соборните, синодски одлуки и ставови, а не индивидуалните мислења на одделни архијереи, свештеници и духовници, коишто може да се беспрекорни во својата духовничка дејност, но не и експерти по медицина.

Царовска: Веднаш да запре ширењето дезинформации! Ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет. Ова е чиста лага, граѓаните да не подлегнуваат на овие шпекулации, демантира министерката за образование и наука Мила Царовска преку својот Твитер профил, откако претходно професорката Јасна Котеска наведува наводен „таен државен удар“ односно укинување на групата на македонски јазик на Филолошки!
Наумоски: Секој ден јавноста си има нова жртва за отстрел, вчера се бараше главата на министерот Бочварски. Небаре ко Марија Антоанета им рекол да јадат колачи ако немаат леб, па сега они ќе го осудуваат за тоа што они мислат дека кажал.- ФБ објава на Никола Наумоски.

Граѓаните на С. Македонија, на Бугарија, БиХ, Црна Гора и Албанија, можат да влезат во Србија без ПЦР. Истото важи и за државјаните на Србија кои одат во овие земји.

СДСМ Штип: Срамно е Јорданов да реагира за патарини, ВМРО-ДПМНЕ за 11 години изгради само 7 километри автопат. Само во овој момент Владата предводена од СДСМ работи на преку 400 километри патна мрежа и инвестира преку 850 милиони евра. Ако се грижеа за граѓаните, ги повикуваме јавно да одговорат зошто во месец јули 2014 година, кога ја предводеа тогашната Влада, ги зголемија цената на патарините?, реагираат од СДСМ Штип.

ХЕРA, МЗ и ФЗО: Жените и девојките од руралните средини полесно до матичен гинеколог. Станува збор за проект кој ХЕРА го доби од амбасадата на Јапонија, како поддршка на јапонскиот народ, а се однесува на пристапот до матичен гинеколог во регионите каде воопшто нема таков семеен лекар или нивиниот број е многу мал.

Две повредени лица пренесени во Клиниката па хируршки болести „Св.Наум Охридски“ по инцидент во Љубош. Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, посочија од МВР.

Петровска: Предлог Законот гарантира попис според сите меѓународни стандарди, сите пратеници да го поддржат.

И.Т.З.

Next Post

Директорот на БЈБ Тасевски се сретна со преставници на канцеларијата на американската Агенција за борба со наркотиците во Софија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk