Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување, напиша претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук.
Во текот на вчерашниот ден Ангел Ангелов, aмбасадорот на Бугарија во Скопје упати остар вербален демарш до македонското МНР поради информации дека е запалено бугарско знаме во Вевчани, каде што завчера полицијата го растури карневалот заради непочитување на на анти-ковид протоколите.
За демаршот на Фејсбук, информираше буграската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
„По повод медиумските објави за запалено бугарско знаме во село Вевчани во Република Северна Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје Ангелов да го изрази пред Владата на РСМ нашето силно негодување за овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ“, напиша Захариева.
И.З.