ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Нашиот Акциски план нема идентитетски белези, бугарскиот ги содржи старите позиции, пред пратениците ќе бидат презентирани информации поврзани со преговорите со Бугарија…

January 16, 2021 18:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Регистрирани 361 нови случаи на ковид 19, дури 2.116 оздравени и 14 починати. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.749, бројката на оздравени пациенти е 71.592, на починати е 2.696, а бројот на активни случаи изнесува 14.461.

Зошто Апасиев сака нечии деца да плукаат крв и зошто уште не е приведен? Да се разбереме, да беше Апасиев пратеник во цивилизирана и нормална држава и да им се обратеше на министрите со зборовите „Децата крв ќе ви плукаат“ одамна ќе беше, прво избришан од политичката сцена, а потоа и санкциониран од судскиот систем. Дали тоа може да му се случи на Апасиев во оваа држава?…

Пред пратениците ќе бидат презентирани информации поврзани со преговорите со Бугарија. Во комуникација потврдено е дека постои интерес за одржување на сесијата во Собранието, периодов ќе следи усогласување на термините согласно агендите, по што јавноста ќе биде информирана, дополнуваат од Владата.

Во нашиот Акциски план нема идентитетски белези, бугарскиот одговор ги содржи нивните стари позиции, вели Пендаровски. Според него, главниот проблем е инсистирањето на Бугарија дека во идентитетските маркери на македонската нација треба пред 1944 година да се потпише дека биле бугарски, односно дека корените биле бугарски, на што некогаш не сме се согласиле ниту ќе се согласиме во иднина.

Пендаровски: Бајден има лични релации со регионот, очекуваме посилен ангажман на новата администрација на САД. Џо Бајден има и лични релации со овој регион, има и во времето на последните балкански војни доаѓано во регионот на различни меѓународни конференции, форуми, многумина од нас се имаат среќавано или биле на ист настан, така што мислам дека Балканот е подрачје што прилично добро е познато за претседателот, вели Пендаровски.

СДСМ: Обезбедуваме вакцини против Ковид за 60 % од населението, ВМРО-ДПМНЕ обезбедува само деструкција и лажни вести. Фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ се толку големи што заради гол популизам го ставаат на коцка здравјето на граѓаните во оваа коронакриза, велат од СДСМ.

Директорот на ФИТР Коста Петров ги отфрла обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за неговото работење. И покрај обидите на некои структури да ја дискредитираат мојата работа, јас останувам посветен на промоција и подобрување на имиџот на Фондот и поттик на иновациите, како механизам за остварување забрзан технолошки и економски раст и развој во земјата.“, пишува во реакцијата на Петров.

Зголемен број на работни места во ТИРЗ  во 2020 – презентиран нов развоен концепт. Дирекцијата за технолошко индустриски зони ги презентираше економските движења во зоните и новиот концепт и развојни планови на ТИРЗ. Анализите покажуваат дека кај компаниите во ТИР зоните има позитивен економски тренд на заздравување од кризата и потенцијал за раст, а регистриран е и зголемен број на вработени.
Маричиќ: Целосно сум на страната на новинарите за настаните од 27 април. Очекувам дека ова со пресудите ќе го надминеме, тоа е една одлука на Граѓански суд и очекувам новинарите кои имаат негативна одлука да иницираат жалбен процес“,  потенцираше Маричиќ.
Маричиќ: Никој немал поголема решителност за независно судство од оваа Влада. Ако не успееме во тоа, тоа нема да е неуспех на поединци, туку целосен неуспех на државата. Но, еве, ќе го прифатам и тоа дека ако успееме во реформите тоа нека биде успех на државата, ако не успееме, еве нека биде само мој неуспех“, рече Маричиќ.
И.Т.З.
Next Post

Фуере: Мислам дека изборите во Бугарија нема да донесат ништо ново, ја повикувам ЕУ да дејствува

Shortcut

Најново

Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk