„100 проценти ефективнa“уште во раните фази на студијата, рече рускиот сектор за заштита на пациентите.Податоците, засновани на испитувања во фаза I и II, беа објавени пред почетокот на поголемото испитување во фаза III, што обично споредува илјадници учесници и пласибо група, пренесува Ројтерс.
„Ефективноста на вакцината се состои во нејзината имунолошка и превентивна ефикасност“, објави новинската агенција ТАСС..
„Според резултатите од клиничките испитувања во фаза I и II, имунолошката ефикасност на EpiVacCorona е 100%“.
Истражувањата во фаза I и II ја тестирале безбедноста, несаканите ефекти и имуногеноста на потенцијалната вакцина кај 100 лица од 18 до 60 години, според државниот регистар на испитувања.
Русија во ноември започна со тестирање на вакцината – развиена од Институтот за вектори на Сибир.
На почетокот на истиот месец, Москва соопшти дека нејзината одобрена вакцина Спутник V е 92% ефикасна во заштитата од ковид-19 врз основа на привремени резултати.
EpiVacCorona ќе се користи за масовна вакцинација од март, изјави вицепремиерката Татјана Голикова за новинската агенција Интерфакс.
Владанка Димковска