Академик Беџети: Се чудам дека сé уште се размислува со резерва за промените во образованието. Ми останува да повикам на поддршка на оваа иницијатива, бидејќи знаеме колку е комплексно, колку е тешко да се влезе во ваков комплексен зафат. За поздравување е тоа што првпат, дури и при расправа за еден реформски зафат во основно образование…
Османи: Процесот на проширување на ЕУ нема алтернатива.И кога велам нема алтернатива не мислам само за нас за земјите од Западен Балкан, туку и за нив државите од ЕУ. Без разлика на предизвиците со кои сме соочени, без разлика на актуелната политичка конјуктура, процесот на заокружување и комплетирање на ЕУ е неминовност и затоа тука не се поставува прашањето дали, туку кога.
Постигнат напредок на средбата на македонско-бугарската Комисија за историски прашања. Двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во однос на десеттата средба беа надминати неколку прашања поврзани со содржината на записникот, посочија истите извори.
Груби: Ако рамковните административци не се појават во рок 7 дена да ги подигнат решенијата, ќе им бидат раскинати договорите. Тој исто така наброја некои од институциите каде што ќе бидат прераспределени рамковните вработени, а повеќето ќе бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинската управа.
Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против Ковид-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.
Бочварски: Преку 200 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура оваа година. Тој додаде дека објавена е тендерската постапка за изградба на пругата во двете фази од Куманово до Крива Паланка, за што во наредниот период се очекува да се избере изведувач за градежните работи.
Во фирми во Охрид државата преку сет-мерки и Центарот за вработување вложила 27 милиони денари. Мерката практиканство за млади до 24 години по три месеци ја искористиле вкупно 47 фирми за 52 практиканти. И тоа по девет илјади денари за лице или вкупно 468 илјади денари на ниво на Општина Охрид за 2020 година.
Фурлан со писмо од 1991 година: Им благодарам на оние благородни патриоти кои љубезно ми ветуваат „масакр на српски начин“. Мира Фурлан почина на 66-годишна возраст, а своите последни моменти ги дочека во САД, каде што замина со сопругот Горан Гајиќ во 90-тите години. Во првата половина на таа деценија, актерката доживеа вистинска медиумска „хајка“ против неа, во нејзиниот роден град Загреб.
И. Т. З.