ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед:Беџети повика на поддршка за концепцијата за основно образование, писмо на Фурлан „ѝм благодарам на благородните патриоти кои љубезно ми ветуваат „масакр на српски начин“…

January 22, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Академик Беџети: Се чудам дека сé уште се размислува со резерва за промените во образованието. Ми останува да повикам на поддршка на оваа иницијатива, бидејќи знаеме колку е комплексно, колку е тешко да се влезе во ваков комплексен зафат. За поздравување е тоа што првпат, дури и при расправа за еден реформски зафат во основно образование…

Османи: Процесот на проширување на ЕУ нема алтернатива.И кога велам нема алтернатива не мислам само за нас за земјите од Западен Балкан, туку и за нив државите од ЕУ. Без разлика на предизвиците со кои сме соочени, без разлика на актуелната политичка конјуктура, процесот на заокружување и комплетирање на ЕУ е неминовност и затоа тука не се поставува прашањето дали, туку кога.

Постигнат напредок на средбата на македонско-бугарската Комисија за историски прашања. Двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во однос на десеттата средба беа надминати неколку прашања поврзани со содржината на записникот, посочија истите извори.

Груби: Ако рамковните административци не се појават во рок 7 дена да ги подигнат решенијата, ќе им бидат раскинати договорите. Тој исто така наброја некои од институциите каде што ќе бидат прераспределени рамковните вработени, а повеќето ќе бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинската управа.

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против Ковид-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.

Бочварски: Преку 200 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура оваа година. Тој додаде дека објавена е тендерската постапка за изградба на пругата во двете фази од Куманово до Крива Паланка, за што во наредниот период се очекува да се избере изведувач за градежните работи.

Во фирми во Охрид државата преку сет-мерки и Центарот за вработување вложила 27 милиони денари. Мерката практиканство за млади до 24 години по три месеци ја искористиле вкупно 47 фирми за 52 практиканти. И тоа по девет илјади денари за лице или вкупно 468 илјади денари на ниво на Општина Охрид за 2020 година.

Фурлан со писмо од 1991 година: Им благодарам на оние благородни патриоти кои љубезно ми ветуваат „масакр на српски начин“. Мира Фурлан почина на 66-годишна возраст, а своите последни моменти ги дочека во САД, каде што замина со сопругот Горан Гајиќ во 90-тите години. Во првата половина на таа деценија, актерката доживеа вистинска медиумска „хајка“ против неа, во нејзиниот роден град Загреб.

Адвокати во Њујорк побараа одземање на адвокатската лиценца на Руди Џулијани. Адвокатите за одбрана на американската демократија“, исто така, повикаа на истрага за Џулијани, кој служеше како федерален обвинител и градоначалник на Њујорк пред да биде ангажиран од Трамп како личен адвокат.

И. Т. З. 

Next Post

Денеска се регистрирани 307 нови случаи на Ковид 19

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk