ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

САД од денеска на Самитот за прилагодување на климата и официјално се враќаат на Глобалната акција за климатските промени

January 25, 2021 10:20
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На виртуелниот Самит за прилагодување на климата САД денеска и официјално се враќаат кон Глобалната акција за климата, а се очекува на него да предложат практични решенија за планетата да се направи поотпорна на ефектите од климатските промени.

На помалку од една недела откако претседателот Џо Бајден најави враќање на САД во Парискиот договор за климата од 2015 година, неговиот специјален пратеник Џон Кери денеска ќе им се придружи на дваесетината светски лидери, вклучувајќи ги и сегашниот и поранешниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш и Бан Ки-мун, кинескиот вицепремиер Хан Зенг, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон и други лидери.

На Самитот за прилагодување на климата (CAS), домаќин е Холандија, а учесниците ќе разговараат за низа практични решенија и планови за заштита на земјите и економиите од суша, топлотни удари, покачување на нивото на морето и поплави до 2030 година.

Пред самитот, повеќе од 3.000 научници од целиот свет ги повикаа лидерите подобро да ги заштитат луѓето од ефектите на глобалното затоплување, пренесуваат британските медиуми.

„Нашиот свет што брзо се затоплува веќе доживува големи нарушувања предизвикани од интензивни суши, пожари, топлотни бранови, поплави, разорни тропски циклони и други екстремни настани“, велат научниците, меѓу кои и петмина добитници на Нобелова награда.

„Ако сега не ги засилиме нашите напори и не се прилагодиме сега, резултатите ќе бидат зголемување на сиромаштијата, недостиг на вода, загуби во земјоделството и зголемување на миграцијата со огромни загуби на човечки животи“.

„Климатските промени можат да го намалат глобалното производство на храна за 30 проценти, да го зголемат нивото на морето и да предизвикаат повеќе бури што можат да принудат стотици милиони крајбрежни градови и села да ги напуштат своите домови“, изјави  организаторот на самитот на Глобалниот центар за адаптација (GCA).

-Нема вакцина за климатските промени, рече претседателот на ГЦА, поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, нагласувајќи дека „се се случува многу, многу побрзо отколку што мислиме, предизвикувајќи ризици во каскадите. Градењето отпорност на климатските промени не е пријатна задача, но е императив“.

Самитот нема да  донесе обврзувачки заклучоци, но холандската Влада објави акционен план со практични решенија.

Домаќинот, холандскиот премиер Марк Руте, рече дека неговата земја, од која третина е под нивото на морето, има вековно искуство во шиење земја од вода и се надева дека ќе го сподели со другите.

-Ако не научиме да управуваме со последиците, ако не можеме да се прилагодиме, ефектот ќе биде катастрофален, рече тој во видео обраќањето.

Next Post

Смаиловиќ: Транспарентноста на Комисијата за заштита од дискриминација бара непартиско постапување, а сегашниот состав нема ниту родов баланс

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk