Твитер бара помош од своите корисници во борбата против лажните вести.
Твитер компанијата најави пилот проект кој ќе им овозможува на луѓето да доставуваат белешки на твитовите кои можат да бидат лажни или погрешни.
Иницијативата, наречена „Birdwatch“, првично ќе се пробува меѓу мала група во САД. Компанијата Твитер вели и признава дека новиот систем ќе мора да биде „отпорен на обиди за манипулација“.
Компаниите како Твитер и Фејсбук разгледуваат како можат подобро да ги усогласат своите платформи и да го спречат ширењето на лажни вести.
Твитер во понеделникот изјави: „Знаеме дека ова може да биде неуредно и на моменти да имаме проблеми, но веруваме дека ова е модел што вреди да се испроба“.
Твитер, заедно со другите големи компании за социјални медиуми, се борат да се справат со дезинформациите на своите платформи.
Пилотот ќе им овозможи на корисниците да обележат твитови за кои сметаат дека се „погрешни или лажни“, да обезбедат докази за спротивното и да дискутираат за нив со други – на посебна страница која ќе се вика „Birdwatch“.
Дополнителни белешки и знамиња потоа ќе бидат ставени на содржината.
Твитер вели дека овој нов пристап може да им помогне побрзо да одговорат кога ќе се шират погрешни информации на нивната мрежа.
„На крајот имаме за цел да ги направиме белешките видливи директно на Твитовите за глобалната публика на Твитер, кога има консензус од широк и разновиден сет на соработници“, рече Твитер.
Твитер веќе додава “етикети” на некои погрешни вести.
На пример, многу лажни тврдења на Доналд Трамп за измама на гласачите беа обележани од самата компанија.
Твитер исто така го задржува правото да ги отстрани твитовите – и во екстремни околности да ги забрани корисниците – што го стори со американскиот претседател по немирите во Вашингтон на почетокот на овој месец.
Твитер, сепак, сака да оди понатаму: „Не сакаме да ги ограничуваме напорите на околности кога нешто ги крши нашите правила или добива широко распространето внимание од јавноста“, рече потпретседателот на Твитер, Кит Колман.
Учесниците ќе треба да обезбедат потврден телефонски број и е-пошта за да учествуваат, во обид да ги држат ботовите и лошите актери, како и да немаат неодамнешни прекршувања на правилата против нивната сметка на Твитер
Претседателот Бајден во својот говор на инаугурацијата рече дека: „Ние мора да ја отфрлиме културата каде што фактите се манипулираат, па дури и се произведуваат“.
В.Димковска