ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Поднесена кривична пријава против поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески и други физички и правни лица за фалсификување, злоупотреба и лажни докази

January 26, 2021 15:58
in ДЕНЕС, ПРАВДА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Одделението за внатрешни работи од Прилеп поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник Марјан Ристески и други физички и две правни лица поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување на службена исправа и давање лажен исказ, соопштуваат од МВР.

„ОВР Прилеп поднесе поднесе кривична пријава против девет физички и две правни лица и тоа: М.Р.(49)- тогаш во својство на градоначалник на општина Прилеп, И.Ч.(70) -раководител на Одделение за урбанизам во општина Прилеп, И.К.(65) – раководител на Сектор за урбанизам во општина Прилеп,  В.Ј.(63) Државен правобранител-Прилеп, Т.М.(63)- Нотар поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, М.З.(54)- Претседател на Комисијата при општина Прилеп, Ж.С.(70)-раководител на Одделение за катастар и недвижности, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „давање лажен исказ“, Г.Б.(57) – еден од основачите на фирма од Прилеп-купувач на спорните парцели и тужител, како и основач и управител на правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување на службена исправа“ и „поднесување на лажни докази“, Р.П.(56)- вработен во правното лице од Прилеп како изготвувач на геодетските елаборати и за изработка на ДУП поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“, правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ Давање на лажен исказ“ и друго правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги“ и „давање на лажен исказ“. стои во соопштението од МВР.

Пријавените во својство на одговорни лица со пречекорување на своите овластувања, а со намера да овозможат противправна имотна корист за правното лице од Прилеп , во 2012 и 2013 година, со електронско наддавање каде како продавач се јавува општина Прилеп на градежни парцели ГП од КО Прилеп, а како купувач се појавува правно лице од Прилеп, противправно –со лажни имотни листови во кои не постои податок за правото на користење на земјиштето на Министерството за одбрана кое е запишано уште од 01.10.2009 година, а за што од проверките било констатирано дека сите инволвирани лица знаеле дека се лажни и свесно не ја оспориле нивната валидност во сите постапки, постапувајќи најпрво од онаа при припремата на објавата за продажбата на градежното земјиште, давањето на согласностите од страна на Државно правобранителство-Прилеп, а потоа и во постапката пред суд по поднесената тужба за надомест на штета, а ниту пак е поведена постапка пред надлежен суд, на кој начин е отуѓено градежното земјиште сопственост на државата, а врз кое корисник било Министерството за одбрана, а со кои дејствија по заведен судски спор пред Основен суд Прилеп од купувачот правно лице од Прилеп против ПМ за надомест на штета, исплатени се парични средства по правосилна Пресуда на име уплатен надомест за градежно земјиште,„надомест на штета“ и камати во износ од 19.191.800 денари –од буџетот на Република Северна Македонија, а трите парцели биле отуѓени од страна на општина Прилеп по вкупна цена од 11.442.102 денари, по што на ваков начин предизвикана е штета на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 7.749.698 денари.

Во 2013 година, од страна на општина Прилеп  било издадено одобрение за градење на  правно лице од Прилеп за изградба на станбена зграда со деловен простор на друга локација во Прилеп при што бил склучен договор за плаќање на надоместокот за уредување на градежното земјиште на 11 месечни рати, а платена е само првата рата, а самиот Договор нема предвидено одредби за заштита  од неплаќање на долгот, ниту пак истото е укинато, на кој начин противправно му е овозможено  на истото правно лице од Прилеп  да врши градежни работи без да го плати  утврдениот надоместок- а што е спротивно на одредбите  предвидени во Законот за градење. Плаќањето на надоместокот за  уредување на градежното земјиште е извршено во 2016 година вез основа Оддена судска пресуда по тужбата вв продажба на градежни парцели, наведуваат од МВР.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk