ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателот на Уставниот суд, Мурати се сретна со турскиот претседател Ердоган

January 31, 2021 18:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на официјалната посета на Република Турција, по остварените посети на високи и значајни институции од областа на правосудството, делегацијата предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која присуствуваше и претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Зухту Арслан.

Во состав на делегацијата се судиите Елена Гошева, Јован Јосифовски и д-р Осман Кадриу и советникот м-р Љубица Ангелова.

На оваа средба, претседателот на Уставниот суд, Мурати истакна дека делегацијата престојува во официјална посета по покана на Уставниот суд на Република Турција со цел разменување мислења и искуства за актуелни уставно-правни прашања од посебен интерес за двата суда. Во контекст на ова, особено ги потенцираше воспоставените одлични односи помеѓу двата уставни суда чија соработка трае подолг период, но истовремено изрази и надеж за продолжување и унапредување на истата, како и со другите високи судски органи.

Претседателот Мурати се заблагодари и за поддршката од турската агенција за соработка и координација – ТИКА насочена кон јакнење на капацитетите на Уставниот суд и на другите високи судски органи од Република Северна Македонија.

Претседателот на Република Турција, Ердоган искажа задоволство од одличните и братски односи помеѓу двете земји, но ја нагласи и поддршката која Република Северна Македонија ја добива во периодот од кога е на чело на највисоките раководни позициии во Република Турција.

Претседателот Ердоган истакна дека помеѓу двете земји досега биле воспоставени односи на заемна соработка и дека го радува фактот што во рамки на своите можности и надлежности се остваруваат пријателски односи со државните органи на пријателска Република Северна Македонија и дека секогаш ќе се залага за нивно унапредување. Истакна и дека го радува фактот на воспоставената добра соработка помеѓу двата уставни суда, односно дека секогаш ќе дава поддршка за продолжување на истата.

Со оваа средба, делегацијата вчера ја заврши официјалната работна посета на Република Турција, за време на која беа остварени работни посети во Уставниот суд, во Врховниот суд, Високиот управен суд и Судот за судир на надлежности, како и средби со министерот за правда и претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Шентоп.

 

/МИА/
Next Post

Кумановскиот бенд „Red-Tailed Healer“ го издаде својот прв сингл „The Noria”

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk