ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Економското зајакнување на жените од Западниот Балкан клучно за подобро закрепнување по пандемијата

February 11, 2021 14:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Неизвесно е кога Западниот Балкан ќе постигне соодветна покриеност на своето население од 18 милиони луѓе со вакцина против Ковид-19. Една работа, меѓутоа, е сигурна. И кога значаен број жени ќе се вратат на работните места што ги изгубија во текот на пандемијата, родовата нееднаквост нема да исчезне, што го спречува регионот да го оствари својот полн потенцијал и да создаде отпорност на идни удари, наведуваат во заедничка изјава генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу и директорката на Регионалното биро на УНДП за Европа и Заедницата на независни држави, Мирјана Шпољариќ.

Тие сметаат дека сега, како никогаш порано, е потребно жените да се вратат на работа. Како поддршка на тоа, Развојната програма на УНДП и Советот за регионална соработка во декември 2020 ја покренаа иницијативата за економско јакнење на жените на Западен Балкан.

Темелите на оваа нова иницијатива е јакнење на мрежата и соработката на различни родови прашња и овозможува стратешка рамка потребна во овој исклучително важен момент да се утврдат и спроведат активности во доменот политики со цел јакнење на жените и отстранување на родовите разлики на раководни позиции.

– Економското зајакнување на жените и способноста да напредуваат во сигурно и продуктивно опкружување, на работа и дома, се неопходни услови Западниот Балкан да постигне одржлив раст и развој, оценуваат Брегу и Шпољариќ.

Тие нагласуваат дека зголемувањето на женското претприемништво и учеството на жените во работната сила би донело зголемување на БДП на регионот на Западен Балкан за до 20 отсто.

– Паметно вложување е вложување во жените на високи позиции во полтитиката и на раководни места во стопанството. Емпириските докази покажуваат дека поголема застапеност на жените го зголемува квалитетот на управувањето. Исто така, претпријатијата во кои е поголема застапеноста на жените на раководни позиции имаат поголеми можности за остварување на одржлив, профитабилен раст, истакнуваат Брегу и Шпољариќ.

Родовата рамноправност е значаен дел од стратешкото делување на ЕУ во рамки на преговорите за проширување. Отстранувањето на родовите разлики на пазарот на труд и постигнувањето на еднакво учество во различни сектори на стопанството претставува главна цел на Стратегијата за родова рамноправност на Европската комисија.

Еден од првите приоритети на иницијативата е зголемување на учеството на жените во образованието и кариерите во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката. Бројот на жени на Западен Балкан кои ги напуштаат студиите или се откажуваат од кариерите во овие области е загрижувачки и достигнува до 70 отсто.

Брегу и Шпољариќ оценуваат дека враќањето на статусот кво, кој беше пред пандемијата, ќе значи заостанување на Западниот Балкан. Ако во нашиот одговор на пандемијата не ја вклучиме и родовата перспектива, нема да успееме да изградиме отпорни општества и само повеќе ќе ја зацврстиме се поголемата нееднаквост.

– Жените се клуч за искористување на економскиот потенцијал во нашиот регион и треба да им се помогне да стекнат вештини и искуства да раководат и да насочуваат работа во фирми, да посетуваат едукации од областа на финансиите, вклучително и обуки за начинот на утврдување на соодветните финансиски производи и услуги, со што ќе им се овозможи да управуваат со средства и да предводат на патот кон одржливост, заклучуваат Брегу и Шпољариќ.

 

/МИА/
Next Post

Кривична пријава за струмичанец поради злоупотреба на фотографии на девојки

Shortcut

Најново

Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk