ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Новинарите бараат побрзо процесуирање на пријавите за напади и измени во Кривичниот законик

February 11, 2021 15:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нападите врз медумските работници се зголемуваат, а речиси и да нема судска разрешница. Потребна е поголема ангажираност од институциите, конкретни измени во Кривичниот законик и повисоки казни за напаѓачите, но потребно е да се смени и начинот на делување на новинарите односно поголема ангажираност од нивна страна за да се поместат работите понапред, оценија учесниците на денешниот вебинар „Изменување и дополнување на Кривичниот законик на Северна Македонија: Решение за зајакнување на безбедноста на новинарите“.

Само минатата година имало 14 пријавени напади и закани врз медиумските работници, а само еден случај има судска разрешница.

Според претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, работите се уште тапкаат во место – има пораст на физичките и вербалните напади врз новинарите, а неказнивоста останува.

– Апелирам до сите за поголема ангажираност за да не ни се повторуваат овие работи. Нормално е дека ќе има случаи, но тие треба да бидат исклучоци, а не да претставуваат правило. Како што сега стојат работите, нападите врз новинарите и неказнивоста стануваат правило, а истовремено побрзо се процесуираат сите постапки кои се однесуваат на слични дела упатени кон политичарите или другите носители на функции, истакна Чадиковски.

ЗНМ бара во Кривичниот законик, нападите врз новинарите да се третираат како напади врз службени лица, а од Јавното обвинителство да има посебно одделение или група на обвинители кои ќе ги третираат ваквите напади. Посебно внимание во измените на Кривичниот законик се бара да се посвети на вербалните напади и говорот на омраза преку социјалните мрежи бидејќи анализите покажуваат дека во најголем дел нападите врз новинарите се преку интернет.

Адвокатите и јавните обвинители препорачуваат новинарите поактивно да поднесуваат пријави без разлика дали се работи за вербални или физички напади врз нив. Посочуваат дека побрзо се процесуира пријава во која има многу повеќе податоци и укажување на можен сторител на делото, отколку доколку пријавата е поднесена против непознат сторител бидејќи во тој случајна потребно е повеќе време за постапување и откривање на можниот сторител.

– Пријавата е првиот иницијален акт кога започнува работата на јавниот обвинител. Пријава која изобилува со повеќе податоци, со укажување на можен сторител на нападот, многу ќе ја олесни и ќе го скрати времето на прибирање и идентификација на доказите кои се потребни. Ако пријавата е против непознат сторител, првенствено мора да се открие идентитетот на сторителот, а потоа да се соберат доказите. Од анализата која е направена, најголем дел од поднесените пријави каде оштетени се новинари, се пријави против непознат сторител и пријави кои упатуваат на закани преку социјалните мрежи. Проблемот на прибирање на докази во овој случај е малку потежок и временски е подолг, истакна Спасенка Андонова, јавен обвинител.

На денешниот вебинар не присуствуваше претставник од Министерството за внатрешни работи, иако бил поканет.

 

/МИА/
Next Post

Алаѓозовски: Пописот како важна алка во гарантирање на правичната застапеност

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk