Нови 416 случаи на ковид 19, починати се 7 лицa. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.
Заев: Како дел од моќното НАТО семејство, Северна Македонија стана фактор за стабилност во регионот. Сите ние, заедно, со поглед напред ја обезбедивме македонската иднина, напиша денеска на Фејсбук премиерот Зоран Заев по повод една година од ратификување на Северно-антлантскиот договор.
МЗ: Над 25 илјади граѓани пополниле апликација за вакцина против КОВИД-19. Согласно распоредот предвиден во планот, матичниот лекар ќе ги повика и информира граѓаните за точниот датум и часот кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата, соопшти Министерството за здравство.
МВР го повика на разговор креаторот на vaksajns.mk. По реакциите на граѓаните дека има две платформи за пријавување за вакцинација vakcinacija.mk и vaksajns.mk, од Mинистерството за здравство велат дека валидна е само веб-страницата vakcinacija.mk.
Шекеринска-Столтенберг: Северна Македонија докажа дека е активна и кредибилна членка на Алијансата. Шекеринска потенцирала дека воената интеграција на земјата во Алијансата се одвива непречено и изразила уверување дека и покрај предизвиците со пандемијата на корона – вирусот, процесот ќе се заокружи до крајот на оваа година.
Бектеши: Стратешка цел на Северна Македонија е меѓународно поврзување и диверзификација на изворите за снабдување со природен гас. Република Северна Македонија оваа година за прв пат учествува на овој Министерски состанок кој е од клучна важност во делот на диверзификација на снабдувањето со гас на повеќе пазари во Европа.







