ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Лукаревска: Концептот ваучер систем дава резултати и е сигурен придонес во подобри услови за напредок на спортот

February 14, 2021 12:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

За новата мерка ваучерски систем износот на вредноста на издадените ваучери врз основа на кои обврзниците го остваруваат правото на даночно ослободување изнесува 10 милиони евра годишно. Тоа значи дека дополнително се придонесува за поголема финансиска моќ на спортските субјекти. На компанијата која донира во спортот преку оваа мерка и се намалува данокот на добивка врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт. Резултатите од ваквите олеснувања се видливи.

Ова денеска на прес-конференција во Владата го истакна директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, која рече дека преку концептот ваучер систем во 2019 година 639 компании донирале 492 931.010 денари на 377 спортски субјекти, а во 2020 година на овој концепт се приклучиле 677 компании кои донирале 547.798.298 денари на 623 спортски субјекти.

На секој правен субјект кој донирал финансиски средства на спортски субјекти, појасни таа, му се намалува пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50 проценти од пресметаниот данок.

– Даночниот обврзник кој го користи даночното ослободување може да донира во еден спортски субјект од секаков вид спорт. По исклучок може да донира во два спортски субјекта од ист вид спорт доколку едниот субјект е национална спортска федерација, а другиот е спортски клуб или активен спортист кој се натпреварува во индивидуален спорт. За целите на ова даночно ослободување УЈП води евиденција за дадените донации согласно издадените ваучери од Агенцијата за млади и спорт која претходно доставува листа на спортски субјекти на кои им е доделен ваучер. Начинот на спроведување на ова даночно ослободување е пропишан во правилник и се одвива електронски преку системот на УЈП, е-Даноци. Компаниите поднесуваат образец познат како БДО ДС кој е всушност барање за даночно ослободување за донирање финансиски средства на спортски субјекти, рече Лукаревска.

Таа истакна дека доколку износот искажан во барањето е понизок или еднаков на расположливите средства од ваучерот УЈП го потврдува барањето, а доколку тој износ е повисок од расположливите средства од ваучерот барањето се одбива. Средствата од барањето што УЈП ги потврдила, како што нагласи, се резервираат до поднесување на известување за извршената донација.

– Даночниот обврзник во рок од 15 дена од приемот на потврденото барање преку системот е-Даноци ја известува УЈП за извршената донација. Кон известувањето доставува и доказ за извршената донација односно налог за извршена уплата на посебна наменска сметка и извод од банка. По доставување на известувањето од страна на давателот на донацијата УЈП го потврдува или до одбива правото на користење на намалувањето на пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства. Концептот ваучер систем е сигурен придонес во подобри услови за напредок на спортот, за постигнување успешни резултати на национално и меѓународно ниво. За УЈП оваа мерка значи обезбедување уште една квалитетна брза, ефикасна услуга за даночните обврзници преку која дополнително го зацврстуваме партнерскиот однос, додаде Лукаревска.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски рече дека покрај постоечките финански средства кои федерациите и спортот ги добиваат од Агенција за млади и спорт преку ваучер системот се вбризгуваат веќе дополнителни 10 милиони евра за развој на македонскиот спорт. Иако е време на пандемија реализацијата, појасни тој, достигна дури неверојатни 89 проценти.

– Овие бројки покажуваат дека ова е вистинска мерка и дека мерките се искористуваат на исправен начин за спортот и стигнаа со националните спортски федерации, клубови и спортисти. Во однос на 2020 година реализацијата на спортските ваучери годинава е зголемена за 25 отсто, рече Мојсовски и го објасни процесот за пристап на спортските ваучери согласно законските регулативи.

Секоја национална спортска федерација, потенцира, формира комисија која подготвува предлог листа со која се внесуваат, верификуваат и рангираат спортските клубови и активните спортисти кои ги исполнуваат критериумите за користење средства од даночно ослободување. Тој рече дека Националната спортска федерација е должна најдоцна до 20 јануари во тековната година до Агенцијата да достави барање на користење средства од даночно ослободување вклучително и предлог листа на спортски клубови и активни спортисти кои ги исполнуваат критериумите.

– Агенцијата за млади и спорт формира централна комисија за евалуација на предлог листата за период од четири години, која ја доставува до Советот за спорт, кој во рок од пет дена на седница ја утврдува оваа листа. Агенцијата за млади и спорт најдоцна до 10 февруари во тековната година на својата веб страница објавува официјални листи на националните спортски федерации, спортисти, клубови и на активни спортисти…Во рок од пет дена од објасување на листите Агенцијата издава ваучер за користење на овие средства. Националните спортски федерации се должни да ја докомплетираат документацијата по барање на централната комисија, а ако не го сторат тоа се носи решение во кое се бара одбивање за неоснованост, додаде Мојсовски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека ФК Вардар е дел од овој ваучер систем и дека добил над 8,5 или девет милиони денари.

– Тој субјект си постои. Знаеме во каква криза е, тука сме за да помогнеме. Еден дел од нашата помош е директно преку овој ваучер. Се надевам дека Вардар како субјект, поранешниот спонзор, а и Град Скопје ќе изнајдат решение да се врати Вардар во горниот дел на табелата и се надевам дека со оваа мала помош од наша страна преку ваучер системот ќе придонесеме да ги надмине тие проблеми, додаде Мојсовски. 

Next Post

Први ќе се вакцинираат здравствените работници од модуларната болница во Клинички центар

Shortcut

Најново

Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk