Заев до Вучиќ: Ова е драгоцен чин на солидарност и пријателство, благодарам што се грижите за нашето јавно здравје. „Овој чин им даде пријатлеска рака на нашите сораѓани и тоа е алка на поврзување на двете земји. Вакцините ќе влезат во планот за имунизација. Утврдени се приоритетни групи, кои штитат од Ковид-19. Благодарам што го помагате нашето јавно здравје“, рече премиерот Заев.
Од Србија пристигна донација од 4.680 вакцини на Фајзер/БиоНтек. Овој чин им даде пријатлеска рака на нашите сораѓани и тоа е алка на поврзување на двете земји. Вакцините ќе влезат во планот за имунизација. Утврдени се приоритетни групи, кои штитат од Ковид-19. Благодарам што го помагате нашето јавно здравје, рече премиерот Заев.
Вучиќ до Заев: Ви благодарам што се борите за вашиот народ да ги добие вакцините, ние сме среќни што помогнавме. Ви благодарам на вас г-дин Заев што се борите за вашиот народ и тоа што ги баравте вакцините за нив. Од овие неколку илјади вакцини, секако дека ќе спасите, да не кажем неколку десетици, но секако неколку животи, а секој живот е за нас, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ: Моравме на „Фајзер“ да му дадеме посебни гаранции дека ќе му го гарантираме начинот на транспорт на вакцините. Има и земји, посочи, кои водат геополитички прашања на таков начин што велат ние сме тие кои одлучуваме. Не може Србија, ако добро се снашла, да одлучува каде ќе ги дава. Токму тоа беше проблемот во договорот поради што доцнат вакцините.
Филипче: В среда почнува вакцинацијата на здравствените работници, голема благодарност до Србија. Се планира вакцината да ја примат 4.600 медицински работници, а вакцинацијата ќе се извршува во модуларната болница на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Претходно ќе биде извршена регистација на вакцините од македонската агенција за лекови МАЛМЕД.
ДИЖС има 15 инспектори, кои се малку за сите обврски што ги имаме, вели Петровска. Она што беше приоритет беше да ги обврземе овие загадувачи да си вршат мерења во присуство на инспектор.
И. Т. З.







