ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Откупот на тутунот ќе продолжи до 31 март, петте милиони евра да бидат КОВИД-мерка, а не исплата на разликата во цена

February 15, 2021 14:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

До 31 март ќе биде продолжен рокот за откупот на тутунот, договорија денеска производителите, компаниите и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа. Договорените количини се очекува да бидат преземени до крајот на неделава, а наредната треба да стартува откупот на вишокот.

Тутунарите сметаат дека е понижувачки да добијат по 10 – 12 денари за килограм колку што е предвидено со петте милиони евра од петтиот антикризен пакет. Тоа, велат, треба да е КОВИД-мерка, а разликата во цената од сегашните 165 до најавените 180 денари, Владата треба посебно да ја надомести. Пари, според нив, има, потреба е само добра волја да се распределат.

-Засега, просечната цена е 165,3 денари. До денеска се откупени 21 милион килограми тутун, а заклучно со утре се очекува да бидат откупени 98 отсто од договорените количини. Потоа ќе продолжи откупот на вишокот тутун што реално е најголемиот проблем годинава. Јас уште утре на Влада ќе предложам по брза постапка измена на Законот за тутун за да се пролонгира рокот за откуп до 31 март, а не да биде до крајот на овој месец.  Во петтиот пакет антикризни мерки предвидовме пет милиони евра за тутунарите, но динамиката и начинот на кој ќе се исплатат останува да ги договориме откако ќе заврши целиот откуп, изјави министерот по средбата.

Според Хоџа, вишокот тутун е главно во Долнени и тука треба да се засили динамиката на откуп.

-Ако се држиме до тоа што се договоривме, до петок ќе имаме многу јасна слика за Долнени. Разликата на просечната цена со овие дополнителни пет милиони евра ќе се обидеме да го реализираме ветеното – просечната цена да не биде под 180 денари. Тоа е максимумот што можеме да го направиме, рече Хоџа.

Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на „Тутунари од Македонија“ укажа дека т.н. вишок е всушност дел од производството за кое не се склучени договори. Не се работи за голема количина и целиот тутун мора да биде откупен.

-Вишокот не е вишок, туку тутун произведен во сите региони. Со години наназад производството е 25 милиони килограми. Тоа и годинава го имаме, не се работи за екстра количина, само што се намалени договорите па се вели дека е вишок.

Инаку, Иницијативниот одбор не се согласува со петте милиони евра да се покрива разликата во цената. Тоа треба да е КОВИД-мерка и да се распредели по килограм произвдеден тутун. Ако државата мисли дека со тие 10 – 12 денари ќе ни ги надомести загубите од 60 – 90 денари, греши, само ќе ги понижи тутунарите, потенцира Мирчески.

Тој дополни дека има средства во Буџетот и разликата во цена може да се исплати без да се зголемуваат ставки. Таков предлог денеска му доставил на министерот.

Претседателот на Сојузот на тутунски здруженија, Менде Стомнароски истакна дека за откуп се останати уште два милиона килограми договорен тутун, како и дека компаниите се подготвени да преземат уште два милиона килограми.

-Ако останат на тоа, тутунот ќе биде откупен во целост. Не сме задовони од годинашната проценка, мислиме дека не е реална и правевме притисоци на вагите, остававме на воторстепени комиси да одлучат. Тие во 60 – 70 отсто случаи проценија во позитивно, што покажа дека сме биле во право, рече Стомнароски. Годинава родот тежи околу 23.000 тони. Во однос на вишокот, производителите апелираат компаниите да поделат амбалажа.

 

/МИА/
Next Post

Израелски научници: Вакцинацијата го намалува ризикот од пренесување на вирусот

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk