ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Скопје и Софија во финална фаза за заедничкиот Акциски план, САД со апел билатералните проблеми да ги решат надвор од процесот на интегрирање во ЕУ

February 20, 2021 09:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Откако Владата објави дека усогласувањето на заедничкиот акциски план со Бугарија е во завршна фаза, за спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија вчера се огласи американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнз, која повтори дека САД се залагаат билатералните прашања да се решаваат меѓу државите и да останат настрана од процесот на интеграција во Европската Унија.

За тоа дека изработката на заедничкиот Акциски план е при крај информираа и министерот за надворешни работи Бујар Османи и владиниот портпарол Душко Арсовски. При тоа ставот на Владата е дека од македонска страна нема промени во позициите во преговорите со Бугарија – македонскиот идентитет, народ и јазик не се и нема да бидат предмет на преговори.

– При крај сме на финализација на Акцискиот план којшто ќе претставува значаен документ за да ја следиме линиската соработка во сите области и очекувам преку посветена работа и трпеливо да ја вратиме довербата и во политичкиот дијалог, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференција со европратеникот и известувачот на Европскиот Парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук.

А американската амбасадорка вчера во гостувањето во „Само интервју“ нагласи дека во однос на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, САД се разочарани што Бугарија одлучила да го блокира почетокот на преговорите, но напомена дека како позитивен знак го гледаат тоа што Северна Македонија и Бугарија продолжуваат да расправаат за билатералните прашања да се стават надвор од процесот со цел напредок во тој поглед.

Брнз истакна дека решението на билатералните прашања ќе се постигне со билатерален дијалог.

-Мора на тој начин. И понатаму ќе се залагаме, ќе се бориме и ќе ја поддржуваме Северна Македонија да ги почне преговорите за ЕУ, ќе продолжиме да ја застапуваме билатералните прашања да бидат надвор од преговорите, рече амбасадорката.

Таа оцени дека бугарското вето нанесува штета на повеќе нивоа, меѓу другото, предизвика и сомнеж кај народот во кредибилитетот на ЕУ и нејзината посветеност кон проширување.

-Мислам дека тоа ја отвори вратата за дезинформации. Затоа е важно тоа да не се дозволи. Поважно е да се има на ум дека што и да се случи, најважните односи за земјава се со ЕУ и НАТО и ништо нема да ги замени, посочи Брнз.

Големи можности во унапредување на македонско-бугарските односи гледа европратеникот и известувачот на ЕП за Северна Македонија, Илхан Ќучук, кој вчера во интервју за Трилинг на ТВ 24 вести рече дека поради тоа е потребно враќање на довербата меѓу двете земи и наоѓање заеднички јазик за сите отворени прашања.

Блокадата, потенцира вчера тој, на никаков начин не и помага ниту на ЕУ, ниту на двете земји.

-Ние како политичари сме должни да ги поставиме и бугарско-македонските односи и регионалните прашања, а и европските на една многу подобра перспектива, изјави Ќучук, кој додаде дека е потребно да се врати довербата во Договорот за добрососедство.

-Компромисно решение е она што ќе биде добро прифатено. Ако има волја, такво може да се најде. Тоа го заслужуваат народите на двете земји, рече Ќучук.

Ќучук престојуваше во дводневна посета на Северна Македонија во рамките на која имаше средби со министерот за надворешни работи Бујар Османи, со шефот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, претставници на парламентарните групи и со други државно-политички претставници. Посетата се реализираше во пресрет на гласањето за Нацрт-резолуцијата за Република Северна Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент.

Во однос на Нацрт-резолуцијата за земјава, Ќучук претходно на заедничката прес-конфренција со Османи потенцира дека дека неговата улога како известувач е објективна и ја отсликува реалната слика за земјава, истакнувајќи дека Северна Македонија има силен ангажман во реформите.

Португалското претседателство со ЕУ треба да го одржи вториот министерски состанок за општи работи идната недела, но проширувањето и преговорите со Северна Македонија и натаму не се на дневен ред, јавува дописничката на МИА од Брисел.

На 23 февруари ќе се одржи вториот состанок на министрите за европски прашања откако земјите членки во ЕУ прв пат не усвоија никакви заклучоци за Западниот Балкан, а Северна Македонија беше блокирана од страна на Бугарија за почетокот на преговорите поради билатералниот спор.

-Ни на овој состанок нема да биде прашањето на дневен ред, немаме коментар за ова во моментов, работиме на овие прашања, но, нема да бидат дел од дискусиите, изјави висок дипломатски извор од Брисел за МИА.

Во декември минатата година по макотрпни преговори помеѓу земјите членки на ЕУ, Чешка и Словачка одлучија да ги блокираат заклучоците за проширувањето поради инсистирањето на Софија да се вметне реченица поврзана за „погрешното толкување на историјата“. Претходно Софија ја блокираше и преговарачката рамка за Северна Македонија. Ова беше првпат во историјата да нема никакви заклучоци за Западен Балкан на декемвриски самит на ЕУ. /MИА/

 

Next Post

Петтото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“, викендов во СЦ Борис Трајковски

Shortcut

Најново

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk