ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бугарија ќе издвои 9 милиони евра за изградба на граничниот премин Клепало меѓу Берово и Струмјани

February 21, 2021 17:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Софија планира да издвои 9 милиони евра за изградба на граничниот премин „Клепало“ меѓу Струмјани и Берово, кој е стратешки проект за Бугарија и Северна Македонија, со што ќе се подобри поврзаноста помеѓу двете земји, ќе се олесни трговијата и ќе се поттикне туристичката размена, изјави бугарската заменик-министерка за регионален развој и јавни работи Деница Николова за „Бугарија он ер“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Николова нагласи дела проектот предвидува изградба на целата неопходна инфраструктура, вклучително и дел од патните прваци до граничниот премин.

Николова потенцира дека во досегашното 17-годишно партнерство во областа на прекуграничната соработка меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, заеднички се реализирани 230 проекти, од кои 60 се во рамките на претпристапните програми на ЕУ, а останатите 170 се спроведени во двата програмски периоди од 2007 година, па до сега.

– Од 2014 година одвоивме над 19 милиони евра. Имаме 65 отсто искористеност на средствата, што значи дека проектите се успешно договорени и се реализираат на време и со поставените цели. Програмата, исто така, го поддржува подобрувањето на животната средина, развојот на туризмот, културата и слично, додаде Николова.

Според бугарската заменик-министерка, во следните години програмата треба да се фокусира на развој на економскиот потенцијал и поддршка на компаниите што создаваат работни места, вработувања и можат да го зголемат животниот стандард и приходите.

Николова најави дека во периодот до 2027 година, Бугарија планира да инвестира 50 отсто повеќе средства во развој на пограничните региони со Република Северна Македонија во рамките на програмата за прекугранична соработка, во однос досега издвоените нешто повеќе од 19 милиони евра.

– Бугарската Влада вложи напори да го зголеми буџетот во знак на поддршка на териториите што се важни за нас, изјави Николова.

Next Post

МНР: Усогласеноста на Северна Македонија со надворешната политика на ЕУ е 94 проценти

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk