Од Европската Комисија, за бегството на екс-шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, за ТВ24 изјавиле дека ЕУ внимателно ја следи ситуацијата со потрагата по Мијалков.
„ЕУ ја следи ситуацијата многу внимателно. Ние долго време инсистиравме на важноста да се утврди одговорност за сите злодела, вклучително и во случаите поврзани со нелегалните прислушувања. Засега, ние нема да коментираме за тековните кривични постапки“, одговориле од ЕУ на прашањето од ТВ24 за тоа колку ова може да влијае на проширувањето, довербата на ЕУ во македонската влада и почетокот на преговорите?