ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Презентирана предлог организациска структура за Одделот и Регионалните центри за гранични работи, во рамки на твининг проектот за интегрирано гранично управување

February 23, 2021 11:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Идејата за отворени и безбедни граници за сите е еден од столбовите на кои се потпира Европската Унија. Јакнењето на националните капацитети во делот на интегрираното гранично управување е од исклучителна важност за нашата земја на нејзиниот пат кон исполнување на ЕУ и Шенген стандардите“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната презентација на Предлогот за организациска структура, човечки ресурси и управување со човечки ресурси за Одделот за гранични работи и миграции и Регионалните центри за гранични работи, подготвен во рамките на твининг проектот „Усогласување на националниот систем со ЕУ и Шенген барањата за гранично управување“ – ИПА 2016. Станува збор за проект што веќе се реализира во рамки на реформските зафати во министерството и треба да биде завршен до средината на оваа година, информираат од МВР.

Притоа, министерот Спасовски потсети дека уште при отпочнувањето на овој проект беше јасно дека министерството за внатрешни работи и останатите институции задолжени за спроведување на законот ќе преземат серија на сложени прилагодувања чија крајна цел е успешно прифаќање на ЕУ стандардите во сите области поврзани со граничното управување.
„Подобрување на политиките за човечките ресурси и управувањето со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи беше една од главните активности предвидени во рамките на овој проект. Како резултат на неколкумесечното работење од страна на ангажираните експерти од Министерството за внатрешни работи на Република Словенија, во рамки на твининг проектот, а во соработка со колегите од Одделот за гранични работи и миграции изработен е Предлог за организациската структура, човечките ресурси и управувањето со човечките ресурси за Одделот за гранични работи и миграции и регионалните центри за гранични работи“, нагласи министерот Спасовски.

Инаку, проектот „Усогласување на националниот систем со ЕУ и Шенген барањата за гранично управување“ – ИПА 2016, за чија што реализација како твининг партнер беше избран конзорциум Словачка-Словенија, стартуваше на почетокот на февруари 2019 година со рок за реализација од 24 месеци, а за таа намена беа издвоени околу еден милион евра средства од ИПА фондовите на ЕУ.

Проектот е поделен на две компоненти, од кои првата е подготовка на Патоказ за прифаќање на европското законодавство во делот за Шенген, со надградба на законодавството во делот на Интегрираното гранично управување и развој на Акциски план за Шенген и втората, јакнење на административните и техничките капацитети во делот на Интегрираното гранично управување.

Next Post

Русковска: Мијалков не може да помине граница, пасошот му е одземен, не знам дали има други патни исправи

Shortcut

Најново

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk