ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нуредини: Со паметни инвестиции заштитата на животната средина и успешното работење се возможни

February 24, 2021 13:25
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини ја посети компанијата Макстил како еден од најголемите индустриски капацитети во државата, при што се запозна со инвестициите во напредните технологии со кои се намалуваат емисиите на прашина во воздухот, односно се врши максимално намалување на влијанието на производниот процес врз амбиенталниот воздух, информираат од Министерството за животна средина.

-Макстил по исполнувањето на обврските согласно оперативниот план, ја доби својата А-интегрирана дозвола во август минатата година, и ние сме денеска тука за да ги видиме дополнителните инвестиции остварени од страна на компанијата по добивањето на дозволата – изјави министерот Нуредини, нагласувајќи дека ова е пример како компаниите преку инвестиции во модернизирање на комплетниот производен процес, можат да го подобрат работењето, а истовремено и да ги постигнат стандардите за заштита на животната средина.

При тоа, Нуредини од страна на менаџментот на Макстил беше запознат со начинот на кој се исполнуваат барањата согласно насоките од страна на МЖСПП за заштита на животната средина. Се разговараше за можностите за подобро функционирање на воведената пракса на јавно објавување на емисиите на цврсти честички кои се испуштаат од производствените оџаци, со нивна презентација во живо, на часовно или дневно ниво.  Министерот Нуредини укажа дека тоа е нешто што дополнително ќе биде регулирано и со транспонирањето на директивите за квалитет на воздухот и индустриски емисии, на кои веќе се работи во Министерството, а размената на податоци и мониторингот е дел и од Законот за индустриски емисии кој треба да биде завршен во јуни годинава.

Тема за дискусија беа и плановите на компанијата за употреба на отпадот од производните процеси, за троската и начините на кои таа може да се третира како секундарна суровина, што е во насока на новите закони за отпад кои МЖСПП веќе ги предложи до Собраниетона РСМ.

Макстил го презентираше и веќе започнатиот процес на калкулации на емисиите на стакленичките гасови од нивните процеси, ги презентираше методологиите за мониторинг и верификација на кои работат за следење на нивниот јаглероден отпечаток, што пак е дел од регулативата која Министерството ја развива во рамките на подготовката на Стратегијата и законот за климатска акција.

Министерот Нуредини потврди дека Макстил е добар пример како компаниите самоиницијативно се подготвуваат и се прилагодуваат кон построгите еколошки стандарди и ги охрабри и другите индустриски капацитети, со време да вложуваат во рамките на своите планови за подобрување и корпоративна општествена одговорност, бидејќи со паметни инвестиции заштитата на животната средина и успешното работење се возможни.

Next Post

ЈП „Железничка инфраструктура“ аплицира за 150 милиони евра до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан

EVN

НАЈНОВО

СДСМ: „Царот е гол“ – Политиките на Мицкоски ја водат Македонија кон изолација и зависност од Белград

January 6, 2026

Рентген слика на корупцијата – Алта банка и врските со функционери и финансери на ВМРО-ДПМНЕ

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирана со ВИ

Данската премиерка и ЕК предупредуваат – Американско преземање на Гренланд би значело крај на НАТО

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Од „Трамп Србине“ до осуда: зошто српските режимски медиуми го сменија тонот по нападот врз Венецуела?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Еванџелин Лили откри дека има оштетување на мозокот по тешка повреда при пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави изјава за Венецуела потпишана од 26 од 27 земји-членки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk