ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Привршуваат консултативните средби за стручното образование, МОН очекува да се отворат повеќе дуални паралелки

February 24, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Консултациите со компании, стопанските комори и локалните самоуправи кои ги организира Министерството за образование и наука во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ денеска продолжија во Скопје, со цел да се утврди потребата од отворање нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година и низ дијалог со реалниот сектор и според барањата на пазарот на трудот да се дизајнираат наставните програми и уписните политики.

Кампањата за промовирање на предностите на средното стручно образование низ општините МОН ја почна овој месец. Министерката Мила Царовска изјави дека дискусиите се при крај и ќе завршат до 1 март. Посетени се речиси сите градови, остануваат уште три општини каде што во наредните денови ќе бидат организирани консултативни средби.

-Потоа се сумираат сите заклучоци од средбите, се комуницира со оппштините и градоначалниците, училиштата и стопанските комори и понатаму конечно ќе се објават во огласите. Очекувам да произлезат што поголем број дуални паралелки. Секој чекор напред во средното стручно образование дава поттик на економијата и на државата. Затоа е многу значајно да имаме стручен кадар бидејќи недостигот од него е многу голем во нашата држава, рече Царовска.

Посочи дека преку дуалното образование учениците ќе се оспособат со вештини со кои бргу ќе се вработат, а компаниите ќе го најадат кадарот што сега е дефицитарен. Соопшти дека според истражувањето кое опфатило 400 компании, 85 отсто се подготвени да ги вклучат учениците или во дуално образование или во феријална пракса.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во однос на реформите во стручното образование соопшти дека главниот град има 23 средни училишта, а 15 од нив продуцираат стручен кадар.

-Во овој процес ги вклучуваме и компаниите, за децата преку дуалното образование да бидат доволно стручни и доволно способни, а да бидат продуцирани согласно со барањата на пазарот на трудот и компаниите кои имаат дефицит од кадар. Целта е учениците утре да бидат и стручни, но и конкурентни на пазарот и добро платени, рече Шилегов.

Проектот „Учи паметно, работи стручно“ се спроведува со поддршка на Амбасадата на Швајцарија. Амбасадорката Сибил Зутер Техада истакна дека целта е да се приближи приватниот сектор до образованието.

– Швајцарија е пример за дуално образование, што ја прави нашата економија многу конкурентна.  Во серијата настани што ги одржувавме, пред се, секаваме да ги слушнеме потребите на приватниот сектор, да каже кои се пречките, да отвориме дијалог со МОН и со стручните училишта. Дијалогот е клучен за овој проект да биде успешен, нагласи амбасадорката на Швајцарија./МИА/

Next Post

Заев: Во координирана акција Сашо Мијалков немаше друг избор и го стори она што му беше неизбежна опција да се пријави и да си го земе решението за притвор

Shortcut

Најново

Илустрација: Укринформ

Украина ја менува динамиката на војната: Нервоза во Русија – масовното производство на дронови го запира руското напредување

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

May 29, 2026

Биволот наречен „Доналд Трамп“ спасен од жртвување за Курбан Бајрам по виралната слава во Бангладеш

May 28, 2026

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk