ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Нема никаков договор за Мијалков

February 25, 2021 13:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Апсолутно, тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се исклучуваат една од друга. Ако некој со некого се договарал, за што се договарал, да избега или да се врати повторно пред лицето на правдата, кој е тој договор што е правен и со кого бил правен? Никакви договарања нема и нема да има со било кого, а секој еден што носел какви било одлуки спротивни на закон, спротивни на интересите на граѓаните и на државата, треба во секој момент да излезе пред лицето на правдата и да понесе одговорност.

Вака одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашањето од пратеникот Игор Јанушев од ВМРО – ДПМНЕ на денешната собраниска седница во врска со актуелните случувања со Сашо Мијалков.

–  Апсолутно, ние и сега покажавме, а и од почетокот кога се отворија постапките дека правда мора да има за секого во оваа држава без разлика кој е тој и на каква позиција се наоѓа. И ова што сега го направија институциите со приведувањето на Мијалков и неможноста да избега од правдата. Впрочем никој не избегал од правдата и ниту еден од тие да избегаа и што правеле каква било штета на граѓаните и на држават, нема да избегне да се соочи со правдата. Во тој дел сите  да бидеме на јасно, рече Спасовски.

Кога зборуваме за правда, за постапки, за се што се случува околу правдата можеби, му се обрати на Јанушев минситерот за внатрешни работи, вие сте најдобриот соговорник со кој може да разговараме.

– Осомничен за криминал и од СЈО и сега се води постапка во Јавното обвинителство, другар партиски, по криминал, другар по мафијаштво на Груевски и на Мицкоски, и сега за кого и во кого треба да се има верба. Криминалот и корупцијата се одлика на вашето време и времето во кое вие успеавте да воспоставите начин на функционирање во тој момент на режимот таков каков што беше. Тоа го кажувам само околу кредибилитетот, секогаш крадецот вика држте го крадецот и прашува зошто се водени такви постапки, изјави Спасовски.

Јанушев во реплика истакна дека е евидентна нервозата кај Спасовски и потенцира дека ниту е осомничен, ниту се води некоја постапка против него./МИА/

Next Post

Какви промени предвидува новиот Предлог на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за националенпарк

Shortcut

Најново

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk