Филипче: Клиничкиот центар што вие требаше да го правите беа само обични Интерни клиники и требаше да не чинат 120 милиони евра. Ние ги реновираме за не повеќе од 1 милион евра. Замислете колкава разлика е тоа?! Договор потпишавте со компанија која после неколку месеци отиде во стечај, замислете каков договор направила претходната Влада за таканаречениот нов Клинички центар? Нормално е дека го преќинавме договорот. Зошто? Поради тоа што се направи соодветна ревизија на физибилити студијата која беше напарвена токму од претходната Влада пред повеќе години, која јасно укажува дека гринфилд инвестиција е многу подобро од браундфилд инвестиција за Клинички центар. Во тој проект влезе и се приклучи австриската Влада лично преку канцеларот Куртц и како донација ја ревидираа таа физибилити студија и стигнавме до еден современ и модерен проект на Клинички центар како што заслужуваат нашите граѓани, нешто што ќе служи во следните децении за да пружи интегриран модел на здравствена услуга.
Државниот завод за статистика го објави јавниот Конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој ќе се спроведе од 1-ви до 21-ви април годинава.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на ковид-19.
Заев:Силно ја поддржуваме иницијативата да се одржи итна седница на Собранието за да се продолжи рокот за откуп на тутунот и да биде откупена целата годишна реколта и со помош на дополнителните 5 милиони евра од Пакетот 5 да им помогнеме на тутунопроизводителите да постигнат просечна цена од 180 денари по килограм“
Основниот кривичен суд во Скопје, денеска излезе со соопштение во кое наведува дека направиле интерни проверки, по што тврдат дека е невозможно оттаму да протекла информацијата дека е поднесен предлог за притвор на обвинетиот Сашо Мијалков во случајот „Таргет-Тврдина“
В. Д.