ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Се анализираат можности за ново законско решение за стечајците

February 25, 2021 13:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Владата и Министерството за труд и социјална политика прават анализа за евентуално ново законско решение со кое би се опфатиле малата група стечајни работници, кои не ги исполнија условите за решавање на нивното прашање согласно условите од претходните законски решенија.

– Покрај тоа што македонскиот Парлемент нколкупати го промени законот за регулирање на правата на стечајците, конечен одговор е дека не застануваме тука, бидејќи една помала група наши граѓани останаа со нерешено прашање поради преодот државни во приватни претпријатија. Затоа заедно со МТСП подготвуваме дополнителни анализи за ново законско решение за да провериме дали има можности за олеснување на критериумите за да биде опфатена и таа мала бројка стечајни работници кои останаа изземени од досегашните решенија, рече Заев одговарајќи на пратеничко прашање.

Тој додаде дека со досегашните решенија биле опфатени 95 проценти од стечајните работници во државата.

Давајќи дополнителен одговор на пратеничко прашање, премиерот Заев зборуваше и за состојбите со откупот со грозјето.

– Владата оваа година плати повеќе пари за делот на откупот на грозјето преку политиките на субвенции. Исплатени се шест денари дополнително за грозје или производи од грозје и вински дестилат и два денари по килограм дополнително за винско грозје за откуп за оваа откупна сезона. Тоа значи дека ако сме платиле 30 милиони евра откупувачите имаат платено некде околу 20 милиони. Толку е силна поддршката на Владата годинава, заради тоа што навистина ефектите на погоденоста од ковид-кризата во делот на продажба на виното, пред се и наливното, но и флаширано, имаше за репрекусии да има потреба од ваква интервенција, истакна премиерот.

Тој додаде дека и тој мал број лозари кои не биле исплатени поради несоодветно пополнети податоци од винариите или од регистрираните откупувачи, се вклучени во петтиот пакет мерки./МИА/

Next Post

Фетаи: Актуелниот Кривичен Законик не нуди многу за заштита од насилство врз жените

Shortcut

Најново

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk