ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ивент компаниите в понеделник на собир ќе побараат од Владата да изнајде начин и да им помогне

February 26, 2021 10:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Под мотото „ПОМЕН – една година тишина!“, по повод точно една година од забраната за одржување на јавни настани, заради Ковид пандемијата, в понеделник точно на пладне во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата – ИВАП ќе се одржи собир пред Владата на кој ивент компаниите ќе побараат од Владата да изнајде начин да им помогне.

-Со овој собир сакаме да го свртиме внимание на Владата, но и на јавноста за состојбата во нашата дејност која навистина е голем губитник од пандемијата. За жал, ние како дејност немаме никаква помош од страна на нашата држава. Ниту сме препознаени и разбрани како сектор, а без помош и поддршка не е возможно да опстанеме после цела година неработење, велат од ИВАП.

Деновиве, додаваат, сме сведоци на зголемен број на заболени, што сериозно не загрижува, бидејќи тоа значи дека уште долго нема да можеме да отпочнеме со работа.

-Како одговорни граѓани и компании, сметаме дека е неумесно да бараме да одржуваме јавни настани при ваква состојба. Ние не правиме тајни настани, не ги прекршуваме законите и прописите и не и создаваме проблеми на пазарната инспекција. Затоа, сметаме дека немаме друг избор освен Владата да изнајде начин и да му помогне на овој сектор, порачуваат од ИВАП.

Потсетуваат дека во последниот пакет мерки Владата објави дека се наменети средства за секторот за организација на настани, но, посочуваат, моделот кој го предложи ниту некому му е јасен, ниту, пак, има најава кога би можеле да се надеваме на реализација.

-Ние понудивме неколку модели за помош, но ниту еден од нив не бил земен пред вид и понуден е целосно нов, нејасен модел без рокови и јасни правила што остава простор за сомнеж во неговата правичност и намена, потенцираат од ИВАП.

За жал, нагласуваат, изведувачките уметности, музиката и јавните настани се вториот најголем губитник од Ковид пандемијата во Европа и светот.

-Според последното истражување на европската агенција EY Consulting, тие се веднаш зад авио транспортот и според истражувањата, закрепнувањето на оваа важна општествена гранка мора да биде сериозно поддржано и помогнато од локалните влади, истакнуваат од ИВАП./МИА/

Next Post

РСБСП информира кога и како правилно да се користи „Европскиот извештај“

Shortcut

Најново

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk