ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Во тек разговори за „Спутник V“, кинеските вакцини малку ќе доцнат, протест за „Монструм“, повредени полицајци, напад на новинарски екипи…

February 26, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се регистрирани 554 нови случаи на Ковид 19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.

Филипче: Колегата Јота има тешка повреда на главата. Хирургот Ѓорѓи Јота кој вчера беше прегазен од возило управувано од 16-годишник без возачка дозвола пред Клиничкиот центар во Скопје, има тешка повреда на главата, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче: Лесно зголемување на бројот на заразени со Ковид-19, 70 отсто од новите случаи се со британски сој. Тоа што сега не можеме да бидеме сигурни, посочи министерот, е дали тоа ќе биде тренд и ќе продолжи и понатаму или е само некој мини бран кој се случува овие денови.

Во тек се разговори за вакцината „Спутник ви“, пристигнувањето на кинеските се одложува за неколку дена. Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека досега се вакцинирани околу 2000 здравствени работници, кои работат со ковид-пациенти.

Демонстранти фрлаа камења кон полицијата, други демонстранти се обидуваa да ги спречат. Пратениците Скендер Реџепи од Алтернатива и Елми Азири од Алијанса исто така ги смируваа демонстрантите на протестот, кои почнаа да фрлаат со предмети по полицијата затоа што не добија дозвола да го продолжат маршот до Основниот суд и до Собранието.

Повредени седум полицајци на протестот за „Монструм“. Нападната беше екипа на МИА и на дневниот весник „Слободен печат“.

ЗНМ остро го осуди нападот на новинарската екипа на МИА. ЗНМ уште еднаш предупредува дека неказнивоста на нападите и медиумските работници може да поттикне посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување, како и правото на информирање на граѓаните.

Битиќи: Просечната плата ќе продолжи да расте. Вицепремиерот нагласи дека Северна Македонија има стабилен кредитен рејтинг и дека тоа значи пристап до поефтини кредити за раздолжување со претходни задолжувања кои се со повисоки каматни стапки.

Заев: Нека е вечно сеќавањето на нашиот претседател Борис Трајковски. Мојот сограѓанин,  Трајковски беше човек од народот. Секогаш наоѓаше време за проблемите на обичните луѓе. Доаѓаа тие кај него, но и тој не престана да ги посетува во нивните домови, наведе премиерот Зоран Заев на неговиот Фесбук-профил

На иницијатива на Пендаровски се воведуваат две нови одликувања именувани по Киро Глигоров и Борис Трајковски. Надлежните министерства имаат рок од 60 дена да ги подготват законските измени.

И. Т. З.

Next Post

Во Британија 17 гимнастичари поднеле тужба против злоставување

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk