Директорот на Клиниката за неврологија Иван Барбов за дневникот на ТВ Сител изјави дека британскиот сој на коронавирус не дава потешка клиничка слика, но е повирулентен.
„Нормално е дека ќе се зголеми бројот на инфицирани. За десетина дена за повеќе од двојно се зголеми бројот на хоспитализирани ковид-пациенти на Клиниката за неврологија“, рече Барбов.
Барбов смета дека нема потреба од примена на мерки на државно ниво, но дека сите треба да сме свесни дека мораме да ги намалиме контактите, иако времето е топло и се зголемуваат дружењата.