Апостол Симовски, директор на Завод за статистика смета дека постојаното тврдење на опозицијата дека овој попис, закон и методологија не се во согласност со европските стандарди, паднало во вода минатата недела кога Евростат со јавна изјава на нивниот портпарол ги демантирал и потенцирал дека дека законот и методологијата се целосно усогласени со меѓународните стандарди. Затоа, рече Симовски, не сакам повеќе да навлегувам во расправи кои се движат насока дека пописот не е согласно меѓународните стандарди и оти поради тоа остава простор за манипулација.
Негативните ефекти од пандемијата на коронавирусот германската економија ќе ги чувствува најмалку до 2025 година, соопшти денеска Институтот за истражување на вработувањата (ИАБ).Како резултат на кризата во следните пет години стапката на економски раст во земјата ќе се намали за 0,6 процентни поени, изјави коавторот на извештајот на ИАБ, Енцо Вебер.Пазарот на трудот, од друга страна, ќе се соочува со долгорочен пад на бројот на вработени, нето за околу 200.000 вработени до 2025 година, додаде тој.
Наместо академик Коцарев да се занимава со наука, уметност и вистинска политика, академикот се занимава со “наука за политичките кујни” кои, да не се лажеме, им премина во националистички манир. Дури, спремен сум да кажам дека МАНУ игра политика не на македонистика, туку игра политика на “лингвистичко-сељачки колективизам”. Пуста желба за додворување на “народното дупе”.
Попладнево околу 16 часот од возило во движење било пукано кон полицаец во скопската наслеба Ѓорче Петров. Според неофицијалните информации кои се објавуваат, повредениот полицаец е син на поранешниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи кој работи како инспектор во МВР.
Американците треба да имаат можност да ја примат вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ во следните 24 до 48 часа, изјави денеска извршниот директор на компанијата Алекс Горски, откако американските регулатори ја одобрија вакцината. Фармацевтската компанија оваа недела треба да испорача четири милиони дози вакцина, а до јуни 100 милиони дози, рече Горски во интервју за Ен-Би-Си Њуз.