Под наслов „Македонија меѓу првите во свет со најмногу починати од ПМ25 честички (ФОТО)“, Курир објави мапа со податоци стари повеќе од осум години, објавена во текст на угледниот Економист за влијанието на фосилните горива. Со злоупотреба на името на овој светски медиум и со „позајмување“ на мапа стара повеќе од осум години, „куририте“ се впуштаат во „анализи“ за дневно политичките потреби на нивните газди од Белата палата.
Сè ќе беше добро, да не беше јасно видлива годината кога е изработена мапата, а која Економист ја користи за потребите на друга тема, фосилните горива како фактор за двојно поголеми смртни случаи во светот, отколку што се мислело. Мапата е објавена во 2012 година, кога на власт беа ВМРО-ДПМНЕ!
Машинеријата тилтува…
Д. Е.













































































































