Собранието и изгласа доверба на Владата. За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, а ниту еден од присутните не беше против. Гласањето за доверба беше без претходна расправа. Според собранискиот деловник, во случај кога прашањето за доверба на Владата го поставува премиерот усно на седницата на Собранието, пратениците се изјаснуваат на истата седница, без расправа.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторно лидери во земање на патни трошоци. Најдобар старт во прокнижени патни трошоци за 5 месеци има Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ, од Василево, кој од Собранието подигнал 4.870 евра под оваа ставка. Веднаш до него е колегата Сурија Рашиди од струшкото село Радолишта, од партијата Алијанса за Албанците, со надомест од 4.777 евра.
Регистрирани 807 нови случаи на Ковид 19, починати се 5 лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.
Пет македонски и еден британски државјанин на аеродромот во Скопје приложиле лажен негативен тест за Ковид-19.
Нуредини: Доколку Собранието го поддржи и усвои овој предлог, нашата држава ќе го добие првиот Национален парк од прогласувањето на независноста. Министерот Нуредини изрази благодарност до сите партнери – до експертскиот тим, академската заедница, иницијативата „Пријателите на Шара“.







