ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска : Со заедничка работа ќе постигнеме социјалната кохезија во пост-кризниот период кој следува

March 8, 2021 15:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, се обрати на настанот организиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на кој беше презентирана „Анализата на влијанијата на КОВИД-19 врз родот и различностите“, нејзините главни наоди и препораки, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Оваа анализа има за цел да даде одговор на прашањето на кој начин мерките преземени од Владата на Република Северна Македонија, влијаат врз жените и мажите, но и на различните социјални групи меѓу жените и мажите.

“Министерството за труд и социјална политика  согласно своите надлежности придонесе мерките кои се креираат за справување со штетните последици од пандемијата со Ковид – 19 покрај другото да бидат насочени кон ранливите групи на граѓани и истите да бидат родово сензитивни.  Предизвик е сите заедно да се посветиме на промена и прилагодување на целото општество кон новата реалност.  Овој настан треба да претставува мотив и започнување на  консултативен процес за нови законски решенија и нови мерки кои ќе ги таргетираат најпогодените групи, жените жртви на насилство, лицата со попреченост, повозрасните лица како и да помогнат во трансформација на економијата”, истанка министерката Шахпаска.

 

Таа информираше дека во завршна фаза е подготовката на нови законски решенија за родова еднаквост и за мобинг, кои ќе обезбедат дополнително унапредување на еднаквоста во општеството.

Министерката посочи дека  и во време на најголема криза, жените ја покажаа својата сила и бестрашност и беа во првите борбени редови против пандемијата, претставувајќи го најголемиот дел од здравствените работници.

Амбасадорот на ОБСЕ во земјава, Клеменс Која изрази уверување дека тесната соработка меѓу ОБСЕ и Министерството за труд и социјална политика, како и партнерите од граѓанскиот сектор, ќе нè доближи до постигнување на целта – родова еднаквост.

“Анализата која беше изработена од нашиот тим, заедно со Центарот за истражување и креирање политики и граѓанските организации Радар, Полио Плус, Рурална коалиција и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, покажува дека пост- кризните периоди на опоравување можат да обезбедат можност „работите да се направат поинаку“ и да се изградат порамноправни системи и општества – да се изгради подобро. Потребата да се обезбеди унапредување на родовата еднаквост и да се спречи враќање назад, бара од сите нас долгорочно да ги разгледаме родовите јазови кои се влошија поради пандемијата со Ковид – 19, иако факт е дека тие постоеја во општество и пред кризата во Северна Македонија”, потенцираше амбасадорот Која.

Next Post

Вакцинацијата со Спутник V најверојатно ќе почне со повозрасните лица

Shortcut

Најново

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk