16-ти март, помина рокот за исплата на плати а бројни компании не можат да ги исплатат платите за февруари. 16-ти март а бројни семејства се без примања само затоа што опозицијата мајтап си игра со блокадата за гласање на 5-от пакет мерки, напиша активистката Мерсиха Смаиловиќ на Фејсбук.
„Што не блокирате кога некои привилегии на јавните функционери се во прашање, туку сега кога обичниот работник очајно чека да земе плата од 15.000 денари.
Не сте виделе и осетиле сиромаштија затоа сте така аздисани!“, напиша Смаиловиќ.







