ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи се сретна со Блинкен во Брисел

March 23, 2021 19:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Во рамките на Советот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Тема на разговори беше стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД која претставува основа за долгорочно пријателство меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи. 

На маргините на состанокот, министерот Османи оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар. На средбата  биле отворени повеќе актуелни теми, за билатералниот развој на односите, европските перспектива на земјата особено со фокус на претстојното претседателство на Словенија со ЕУ, во втората половина на годинава.

-Нашата цел е јасна, полноправно членство во ЕУ и сите наши напори се во таа насока, да работиме на европски начин за да ги достигнеме европските вредности. Очекуваме валоризација на постигнатото од нашите партнери, посочи Османи на средбата со Логар.

На денешните две сесии од состанокот, министрите се осврнаа на прашања од стратешки приоритет на Алијансата, како што се регионалната стабилност, хибридни и сајбер предизвици, контрола на оружјето, разоружувањето и непролиферацијата. Беше разгледана стабилноста во соседството на НАТО и борбата против тероризмот, состојбите во Авганистан и Ирак.

На посебна сесија, министрите дадоа свои сугестии и видувања во однос на развојот на документот „НАТО 2030“, кој ќе биде предмет на усвојување на претстојниот состанокот на шефовите на држави и влади на Северно-атлантскиот Совет.

Во своите излагања, министерот Османи ја истакна посветеноста на Република Северна Македонија, како нов сојузник во рамките на Алијансата, во зајакнување на регионалната безбедност, како и активна партиципација во рамките на одржувањето на глобална безбедност. Османи го потенцираше и придонесот на земјава во однос на приоритетите на Алијансата во справувањето со безбедносните закани и предизвици. Во тој контекст, министерот Османи го истакнал значењето што Алијансата го придава на борбата против тероризмот и преземените натамошни активности за справување со оваа закана. Изрази поддршка на стратешките предлози во врска со натамошниот концептуален развој на иднината на Алијансата содржани во НАТО 2030.

-Агендата на НАТО 2030 во вистинско време нуди амбициозни видувања за иднината на Алијансата во наредната деценија. Ние се согласуваме со поставените цели: НАТО да остане воено силен, да стане политички посилен и да има позасилен глобален пристап, истакна Османи.

Министерскиот состанок на НАТО продолжува и утре со бројни теми важни за иднината на Алијансата од интерес на зачувување на мирот и безбедноста на светскиот поредок. /МИА/

Next Post

1056 нови случаи на КОВИД-19

Shortcut

Најново

Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk