ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Шефот на СЗО бара нова истрага за наводите дека коронавирусот „избегал“ од лабораторија

March 30, 2021 18:55
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус повика на нова истрага од експерти во врска со наводите за „истекување на коронавирусот“ од кинеска лабораторија.

Тој исто така го критикуваше недостигот на пристап до податоци за меѓународни експерти.

Иако експертите кои го истражуваа потеклото на вирусот во Кина во јануари и февруари, тврдењата за лабораториско протекување ги оценија како малку веројатни, „потребно е дополнително истражување, веројатно со нови мисии со специјализирани експерти кои сум подготвен да ги распоредам“, рече генералниот директор на СЗО.

Хипотезата дека коронавирусот можел да „избега“ од лабораторија ја бранеше претходната американска администрација на Доналд Трамп, и беше заснована на податоци од разузнавачки служби.

Кина секогаш ја негираше таквата можност.

Гебрејесус зборуваше непосредно пред официјалното објавување на извештајот за потеклото на коронавирусот и прес-конференцијата на некои од меѓународните експерти кои отпатуваа во Кина во јануари годинава за да го испитаат коронавирусот што првпат се појави во Вухан во декември 2019 година.

Шефот на СЗО рече дека меѓународните експерти имале потешкотии во пристапот до податоци за време на нивниот престој во Кина.

– Се надевам дека новите заеднички студии ќе се базираат на поширока и побрза размена на податоци, додаде Гебрејесус.

Шефот на делегацијата на експерти, Питер Бен Ембарек, изјави дека во Кина, како и на други места, некои податоци не можат да се споделуваат поради приватност.

– Извештајот е многу важен почеток, но тој не е последниот збор, рече шефот на СЗО. /МИА/

Next Post

Се согласувам со Филипче, но тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија дома се за фалење

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk